Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Државјаните на Србија на ПЦР тестирање во Македонија

vverve/Depositphotos.com

Државјаните на Србија на ПЦР тестирање во Македонија

Државјаните на Република Србија кои како туристи патуваат за одмор и летување кон Грција, за добивање потврда за извршен ПЦР тест (за коронавирусот) доаѓаат во Македонија, или тоа го прават откако ќе тргнат на одмор – пишува белградскиот весник „Политика“, објаснувајќи го ваквото однесување со „далеку пониските цени“ на тестот и со брзото издавање на резултатите.

Според овој весник – тест во некоја од лабораториите во Македонија чини 35 евра. За тестирање на цело семејство се дава попуст. „Политика“ пишува дека т.н. ВИП тест чини двојно повеќе – 70 евра, но пак затоа резултатот се добива за помалку од еден час.

Медицински туризам

За споредба, тестирањето во Србија чини 9.000 динари ( повеќе од 77 евра) за едно лице, што весникот вели дека е голем издаток, особено кога станува збор за цело едно семејство. Уште повеќе, доколку  никој од семејството не е вакциниран. А, такви во соседна Србија- велат-  се уште има во голем број.

„Поради ваквата разлика во цените во двете земји, изминатите денови, откако Грција ја „подигна рампата“ на преминот „Евзони“, на социјалните мрежи (во соседна Србија) имало вистинска поплава“ од огласи за сместување и за евтино тестирање во Македонија, каде, како што се вели – забрзано се развива медицински туризам.

Овластени лаборатории за правење вакви тестови на македонска територија сега се тркаат која ќе понуди поповолна цена и побрза услуга за ПЦР тестовите.

Од друга страна српските туристи кои веќе се во Грција и кои поминале низ македонските лаборатории, на социјалните мрежи (индиректно) рекламираат која лабораторија и каде нуди најевтини тестови, уверувајќи дека од грчката страна не се инсистира тестовите да бидат задолжително направени во Србија – во државата од каде гостите доаѓаат.

„Политика“ пишува дека имало лаборатории кои на туристи кои одат на лекување во странство, им нуделе и бесплатни тестови.

„Големо олеснување“

Весникот тврди дека некои српски државјани оделе на тестирање и во Бугарија, но дека таму тестовите биле поевтини од оние во Република Србија, но сепак, нешто поскапи од тестовите во Македонија.

Одење на тестирање кај соседите, како што забележува весникот, станува се повеќе масовна појава, уште повеќе што во Грција не се прави никаков проблем околу тоа. Освен, тестот да е направен 72 часа пред патникот да се појави на граничниот премин.

“Ова е навистина големо олеснување за српските државјани и предност, кога веќе луѓето се определиле за одмор во странство“ – изјавил претставник на белградска туристичка организација.

Агенциите во Белград, поради се пораширениот медицински туризам во соседството, побарале од Кризниот штаб во Србија да се намали цената на тестовите. Меѓу другото, се бара тестовите за деца да бидат бесплатни, доколку двајцата родители кои патуваат со нив – се вакцинирани со две дози. Засега, вели весникот, немало никаков одглас.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Здравје

Горе