Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

СЗО : Алармантен пораст на морбили во Европа

СЗО : Алармантен пораст на морбили во Европа

Светската здравствена организација (СЗО) испрати алармантно предупредување до здарвствените власти во земјите од Европа, поради досега незабележаниот пораст на заразната болест морбили ( мали сипаници). Во претходната, 2023 година, регистрирано е рекордно зголемување на случаите со ова заболување- дури 45 пати повеќе- во споредба со 2022 година.

Станува збор за пријавените случи , па се сомнева дека вистинската бројка е можеби и поголема, но здравствените експерти  на СЗО велат дека ваквото предупредување е издадено и затоа што бројот на случаите со морбили продолжува да се зголемува.

За една година 45 пати повеќе заразени

Експерти  велат дека се потребни итни мерки за да се запре ширењето на заразата. Околу 45 илјади  лица, во 2023 година се регистрирани дека биле заразени со мали сипаници. За споредба во претходната 2022 година вкупно 940 лица имале морбили.

Според СЗО во Европа,  ваквото енормно заголемување на заразата е последица, пред се, на тоа што многу помалку деца од порано, сега се вакцинираат против оваа болест.

Посебно во времето на пандемијата со корона вирусот, не само поради зафатеноста на здравствените служби низ Европа со борбата со короната, туку и поради вистинската  „експлозија од антиваксерство“ во годините со Ковид, кога интернет мрежите беа преполни со разни „квази-стручни“ совети, дури и од некои лекари.

Прво, сугерирајќи  луѓето да не се вакцинираат против вирусот со короната, затоа што наводно, вакцината не била безбедна, па дека  дури била и „опасна“ за луѓето, а потоа и уверувајќи ги луѓето да го одбегнуваат вакцинирањето за да се оставел организмот самиот да се избори со заразата. Не само кога станува збор за короната, туку и за вакцинирањето вооошто.

Морбилите се опасна болесст

Тоа предизвика многу деца да останат невакцинирани против сите оние заразни болести, за кои се мислеше дека се искоренети.

Регионалниот директор на СЗО др. Ханс Клуге изјавил дека бројките за енормното зголемување на морбилите се крајно загрижувачки. „Вакцинацијата е единствениот начин децата да се заштитат од оваа болест која може да биде мошне опасна“.

Особено што малите сипаници се опасни во било која возраст, а лекарите предупредуваат дека болеста може да биде и потешка кај возрасни лица кои не биле на времето вакцинирани.

Болеста обично почнува со висока температура и со осипување по телото. Тоа обично трае до десетина денови, но може да предизвика сериозни компликации- воспалување на белите дробови, слепило, менингитис, па дури и смрт.

Најзагрозени се бебињата кои се премнигу млади за да ја примат првата доза вакцина, потоа бремените жени и луѓето со намален имунитет.

СЗО, затоа, има побарано од сите држави во Европа да се ангажираат на рано откривање на болеста и брзо да реагираат на секоја епидемија на морбили, при што мора да вакцинираат што е можно повеќе лица.

Погубно влијание на  антиваксерите

Во извештајот на СЗО се вели дека во 2023 година малите сипаници ги погодиле сите старосни граници- како деца и млади лица, така и возрасни. Во два од пет случаи со оваа заразна болест биле деца од  една до четири години, а еден од пет случаи кај млади лица од 20, како и оние со повеќе години.

Според податоците на оваа светска организација, во првите девет месеци во претходната година, во европските болници биле сместени безмалку 22 илјади лица – за лекување од последиците од малите сипаници. Во две држави кои не се споменуваат, се регистрирани пет смртни случаи, на возрасни млади луѓе- сите невакцинирани.

Вакцината и вакцинацијата, во секој случај,  се единственото решение за борба со оваа заразна болест која е  присутна и во регионот на Западен Балкан. Посебно во Србија, каде антиваксерството е силно раширено, кое од таму, преку интернет медиумите се шири и во другите земји од екс Југославија ( вклучувајќи ја и Македонија).

Таквото опасно движење предизвикува последните четири години – постојано да се намалува бројот на вакцинираните деца. Мерено според забрзаното намалување на стапката на вакцинација со првата доза ММР вакцина- која заштитува од морбилите.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе