Поврзете се со нас

Skopje Global

Брифинг/Weekly

Солун и Халкидики со полициски час

vverve/Depositphotos.com

Солун и Халкидики со полициски час

Од оваа сабота, во текот на овој и наредниот викенд, во Солун и во реонот на полуостровот Халкидики, како и на Атика, јужно од Атина, владата на Грција воведе полициски час, откако одново значително се зголеми бројот на новозаразените во овие три региони, иако се спроведе вакцинацијата, од првата пратка што ја раздели ЕУ, за земјите-членки.

Според епидемиолошките власти, во изминатите денови, бројот на новозаразените, во овие делови од северот на Грција и на југот, околу главниот град, е зголемен дури четири пати, во споредба со претходните недели.

Нема објаснување што е причината за ваквото „распалување“ на епидемијата.

Во следните две недели, полицискиот час ќе трае од 18 часот, до 05 часот, следниот ден. Претходно, ограничувањето во движењето, во текот на викендите почнуваше од 21 часот.

Во текот на викендите, се отворени само супермаркетите, продавниците за храна, пекарниците, бензинските пумпи и аптеките, но и тие од 07 часот, до 17 часот попладне. Во другите денови се затвораат во 20 часот.

Средните училишта во овие три региони се затворени. Наставата ќе се одвива само он – лајн.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Брифинг/Weekly

Горе