Поврзете се со нас

Skopje Global

Belgrade, Serbia

Западен Балкан

Масакар во училиште во Белград

Масакар во училиште во Белград

Ученик на белградско училиште кој се уште нема ни 14 години, изврши вистински масакар , убивајќи девет лица- осум негови соученици  , како и безбедното лице вработено во училиштето – пукајќи од два пиштоли , сопственост на неговиот татко.

Во овој крвав пир што го изврши  дете од седмо одделение , останаа тешко ранети  шест  други лица- ученици од неговото одделение и нивната наставничка по историја. За две од ранетите деца лекарите се борат за нивните животи.

Список за ликвидација

Според полицијата, ученикот Коста К. дошол на училиште откако наставата веќе била започната, го оставил ранецот и со пиштолот прво го застрелал безбедњакот кој се обидел да го запре, да не влегува во училницата, кој набргу починал, а потоа влегувајќи на часот по историја, пукал прво во наставничката, а потоа по своите другари.

Веднаш, по тоа излегол и во ходникот на училиштето убил уште три деца, негови  соученици кои таму се затекнале, па избегал во дворот (велат) со намера да продолжи да убива, но наместо тоа се јавил на полицијата која веќе била алармирана и таму бил и уапсен.

Седум ученички и еден ученик останаа како жртви на воружениот напад и на злосторството какво не се памети во Белград, па ниту на Балканот, кога стаува збор за еден ваков инцидент, во кој едно дете убива деца со кои е секој ден во училиштето.

Познато е дека малиот убиец , над еден месец, го подготвувал нападот. Самиот си направил скица-план на училиштето . Во неговиот ранец биле најдени четири молотови-коктели, како и список на ученици кои планирал да ги  убива, одејќи вооружен  од една училница во друга. Велат среќа е што насобраниот гнев во еден момент попуштил , па одлучил да се предаде.

Шок во Белград и Србија

Веста за масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ сместено во центарот на Белград, предизвика шок во српската јавност, но и во Европа, затоа што колку што се знае, ова е прво вакво масовно убиство , извршено од еден  малолетник, на европскиот континент.

Колку и да е Србија заглавена во организираниот криминал и во честите пресметки на локалната мафија, низ улиците на нејзиниот главен град, сепак, земјата нема често вакви тешки криминални случаи. Медиумите потсетуваат на неколкуте масовни злосторства , изврешени во последните 15 години кои не се врзуваат за организираниот криминал и за мафијашките пресметки и ликвидации.

В0 2007 година, на пример, во реонот на Источна Србија беа убиени девет лица и рането пет други. Во 2013 година, во село во Централна Србија, српски воен ветеран има убиено дури 14 лица, а во 2015 година, на една свадба во Војводина , таткото на младоженецот уби шестмина од гостите, а потоа и самиот беше убиен од друго лица. Во следната 2016 година, пет лица беа застрелани и убиени со пушка, во кафеана на северот од земјата.

Булинг од соучениците

Масовното убиство, во средата наутро во Белград, меѓутоа, е нешто сосема  различно од овие инциденти, затоа и вчудоневиденоста кај луѓето во српскиот главен град е уште поголема. Особено што (барем додека се прави овој текст) не се знае мотивот за злосторството на едно дете кое за два месеци ќе наполни 14 години.

Има само сознанија дека во училиштето бил изложен на булинг- на малтретирање- од страна на неговите врсници, соученици.

Некои од медиумите имаат напишано и тоа дека малиот убиец , пред некој месец има добиено единица  по историја, иако минатата учебна година, има освоено трета награда на натпревар по познавње на историјата.

Затоа се проценува дека во случајов  станува збор за испланирана сурова, крвава одмазда врз наставничката и сите оние кои го малтретирале кои тој ги сметал за свои непријатели, иако во училницата, сведоците изјавиле дека сосема неконтролирано пукал по соучениците.

Мирен и одличен ученик

На друга страна, портретот на детето кое изврши злосторство дава сосема друга слика. Дури неговите соученици немаат лоши зборови. За него велат дека никогаш не бил насилен, туку мирен, па дури и премногу повлечен. Бил и одличен ученик што ја прави неговата социјална слика да е нетипична за некој, па дури и кога е дете во прашање, кој се има одметнат, препуштен на улицата и на ситниот криминал, кој се среќава кај негови врсници.

Уште повеќе , неговиот татко  (според сведоци) е угледен белградски лекар, а неговата мајка била дел од државната администрација. Соседите каде детето-убиец живее за него имааѕ само добри зборови, па тие имаат изјавено дека не можеле да поверуваат дека токму тоа дете има извршено масовно убиство.

Останува нејасно неговото снаоѓање со огнено оружје.

Двата пиштола се сопственост на неговиот татко и за нив тој има легална дозвола. Но, тешкиот инцидент во училиштето покажува дека детето, неговиот мирен син, имал лесно достап до нив, што ги прави родителите одговорни за воспитувањето на нивното дете и виновни за убиствата извршени од нивниот син.

Претворање во суров одмазник

Експерти велат дека е шокантно што дете кое нема 14 години оди на стрелиште и вежба да пука ( отворено е прашањето со кого одел таму и кој го обучувал). А, дека бил обучен покажува леснотијата со која ракувал со двата пиштоли при извршувањето на убиствата и при изработката на неколкуте молотови коктели!?

Белградски психолози, посебно оние кои работат со деца, освен родителите ги обвинуваат и  училиштето, наставниците и училишниот психолг кои немаат реагирано на сознанијата дека еден нивни ученик е често малтретиран. Дека тоа не може да се третира  како „детска работа“ и како вообичена појава меѓу учениците на таа возраст . Посебно не   како честата  спротивставеност на добрите, одлични ученици, наспроти оние послабите.

Немарноста на училишните власти, се верува , дека  предизвикала еден мирен,   малтретиран ученик,  да се претвори во суров одмазник кон оние кои го малтретирале и од него да направи  убиец  кој има список на тие кои треба да ги ликвидира.

Насилство во српското општество

Поголемиот дел од јавноста, меѓутоа, на детскиот масакар во белградското училиште , гледа само  како на „страшен одраз на сегашната состојба во српското општество“ . На широко раширеното насилство кое секојдневно се среќава, а децата немо го гледаат, низ медиумите, преку интернет, социјалните мрежи и телевизијата.

Насилство со криминални  пресметки има по белградските улици. Го има  дури и во  српскиот Парламент, а се шири со медумското  продуцирање  омраза и со јавните дисквалификации и закани врзани за долгата политичк нестабилност во земјата. Трагедијата од ОУ „Владислав Рибникар“ покажува дека насилството во општеството сега веќе е пренесено и во училиштата.

Конечно, тука е и проблемот што Србија го има со големото количество оружје што го поседуваат граѓаните – што легално, а што илегално. Според квалификувани меѓународни проценки, оваа земја е прва во Европа и трета во светот , според поседувањето лесно оружје на 100 жители. Дури 39,2 парчиња на 100 лица. Повеќе оружје има само кај луѓето во САД и во Јемен.

(Д.Б.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе