Поврзете се со нас

Skopje Global

Трендови + Општество

Британија: Мобилките забранети во училиште

Британија: Мобилките забранети во училиште

Британската влада воведува забрана за користење на мобилните телефони во улилиштата, дури и кога учениците се на одмор. Одлуката е донесена затоа што е утрдено дека мобилките ја попречуваат наставата.

Според министерството за образование, последното истражување има утврдено дека дури 97 отсто од децата од 12, или повеќе години имаат лични мобилни телефони и со нив одат на улилиште. Утврдено е дека наставата и образувањето се многу поквалитетни во оние училишта кои самите ( пред владината одлука) го имаат забрането користењето на мобилките.

Подршка од родителите

Директорите на училиштата ќе бидат овластени да го забрануваат користењето на овие телефони, во текот на целиот училишен ден, а тоа значи дека тие не ке може да се користат и за време на одморите, меѓу часовите.

Во соопштението на министерството се вели дека ќе биде забрането мобилките  да се носат на училиште, а дека за оние кои, сепак,  ќе ги имаат кај себе, ќе се постават специјални ормани, или сефови, лоцирани на влезните врати , во кои ќе се оставаат телефоните додека децата се во училиштето.

Владата се повикува на испитувањето на мислењето на родителите. Утврдено е дека 44 отсто од родителите признаваат дека се сериозно загрижени што нивните деца трошат многу од своето време „дружејќи се“- со мобилните телефони. Над 75 отсто од семејствата во Британија изјавиле дека подржуваат забрана на користењето мобилни телефони додека нивните деца се во училиште.

Повик од УНЕСКО

Министерката за образование Џилијан Киген има изјавено дека вработените во британските училишта ќе бидат овластени за да можат да го попречуваат користењето на овие телефони.

„Училиштата се место на кои се стекнува образование, додека мобилните телефони – во најлош случај- предизвикуваат несакани пречки во наставата“- има изјавено за медиумите оваа министерка.

Се смета дека новата и модерна технологија, навистина,  носи со себе значајни предности. Таа, сепак, не смее да биде на штета на децата, посебно на нивното образование.

Конечно, УНЕСКО има упатено повек до образовните инситуции на земјите членки, да се забранат мобилните телефони во училиштата. Затоа што предизвикуваат сајбер- малтретирање, погрешни содржини  и попречување на наставата.

Искуство од Холандија и Хрватска

Пред Британците на ваков чекор се има определено и владата на Холандија која разните апарати, меѓу кои и мобилките, ги забрани во училниците, затоа што го попречуваат наставниот процес. Со холандските закони  има исклучоци-  за учениците со посебни потреби, или медицински проблеми, како и за класовите кои се фокусирани на дигиталните вештини.

Во Хрватска, пак, засега нема забрана на  ниво на целата држава, туку му е оставено на секое училиште да носи ваква одлука. Во градот Сплит, на пример, мобилките се забранети во 30 училишта.

И таму, како  и во Холандија, родителите ги имаат подржано  мерките за ослободување на децата , барем во училиштата,  од овие телефони.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Трендови + Општество

Горе