Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Џорџа Мелони: Западен Балкан стана приоритет за ЕУ

Michele Bitetto

Џорџа Мелони: Западен Балкан стана приоритет за ЕУ

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека Западен Балкан стана приоритет за Европа , инсистирајќи  притоа дека кога станува збор за овој регион на југоистокот од континентот,  не смее  да се дозволи тој да остане настрана и исклучен од ЕУ и од заедничкиот европски дом.

Зборувајќи во Трст на специјалната конференција -„Италија и Западен Балкан : раст и интеграција“ – таа има речено дека членството на државите од регионот во Унијата е важно за стабилноста на сите во Западен Балкан, за унапредувањето на соработката и за борбата против илегалната трговија , против корупцијата, илегалната миграција и над се против радикализмот.

Засилена соработка со регионот

„Постојат многу предизвици кои се пред  нас ( ЕУ) и затоа треба уште повеќе да се засили соработката со земјите од овој регион“- има речено Мелони на конференцијата.

Целта на овој собир на кој биле и комесари на Унијата, како што имаат посочено локалните медиуми, била да се промовиаат надворешно-политичките приоритети на Италија, а пред се, италијанската улога во Западен Балкан , заедно со интнзивирањето на процесот за интегрирањето во ЕУ на државите од регионот.

Според новата влада во Рим, Западен Балкан е важен и за државните интереси на Италија. Мелони има речено дека италијанските компании веќе се во регионот и дека тие добро работат, но дека смета оти сега се неопходни повеќе инвестиции во енергетскиот сектор и пред се во инфраструктурата.

На таа линија, има зборувано и шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајани, според кого Италија е силно на страната на вклучувањето на овој дел од Балканот во европската орбита и при тоа има најавено специјална средба на балканските министри за надворешни работи во Рим, во следните месеци.

Паневропски коридор

Тајани открил дека Италија, со Бугарија , Северна Македонија и Албанија ќе организира посебен настан што ќе биде посветен на паневропскиот коридор.

Сепак, како проблем во регионот се посочува ситуацијата во и околу Косово . Италија е  дел од т.н. Квинта која е насочена на односите меѓу Србија и Косово , како и дека е воено ( како дел од НАТО)  силно присутна во Косово, но и во Албанија и во БиХ.

„Мораме да обезбедиме , нашето воено присуство во регионот да и помогне на италијанската дипломатија“- рекол  министерот Тајани кој има забележано дека – „ доколку не сте присутни или напуштите еден простор, во него брзо ќе се смести некој друг„.

Тоа е , но  мора и понатаму  да биде мотив, како за Италија, така и за Европа да бидат многу повеќе присутни во регионот на Западен Балкан. Особено кога се знае дека мирот и стабилноста на овој регион го спречува и порастот на илегалната миграција.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе