Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Ивана погребана на голф терен на Трамп

thenews2.com/Depositphotos.com

Ивана погребана на голф терен на Трамп

Ивана Трамп, првата сопруга на поранешниот претседател на САД Доналд Трамп, која почина минатиот месец во несреќен случај, е погребана на теренот на Националниот голф клуб во Бадминтер,во сојузната држава Њу Џерси, што е сопственост на нејзиниот поранешен сопруг.

Американските медиуми сега откриваат дека Ивана ќе почива меѓу дупките во кои голферите во текот на играта настојуваат да го сместат белото топче – само за да нејзиниот поранешен сопруг Трамп – одбегне плаќање данок.

Изигрување на даночните прописи

Даночните прописи во оваа сојузна држава овозможуваат ослободување од плаќање данок и секакви други давачки за земјиште на кое се лоцирани гробишта. Тоа е и причина зашто Ивана Трамп (73) е погребана на голф терен. Се смета дека тоа има влијание врз имотот на целото семејство, за кое се знае дека поседува терен за голф во сојузна држава на САД каде даноците на земјиште и недвижен имот се високи, а семејството Трамп настојува да ги одбегне овие трошоци.

Случајот го покренаа американските интернет весници, но веста се прошири низ светот, па лондонскиот „Гардијан“ открива дека семејниот фонд на семејството Трамп од порано барал земјиштето во Њу Џерси, да се третира како непрофитно, а компанијата која со него управува – да се означи како непрофитна, затоа што на него ќе има гробишта.

Некои медиуми забележуваат дека целата оваа работа станува крајно невкусна дури и за човек – каков е Доналд Трамп, кога се знае дека на тој терен има само еден гроб – оној на жената која е мајка на неговите три деца.

„Помош“ од екс сопругата

Весникот „Гардијан“, затоа, цинично забележува дека излегува, оти милијардерот и екс претседател на САД, настојува да заработи од смртта на Ивана, својата бивша сопруга.

Целата ситуација добива и друга димензија, затоа што на теренот на голф клубот Бадминтер, во текот на летните месеци, постојано престојува неговата сегашна сопруга (Меланија Трамп), како и сите други членови на семејството, меѓу другото и затоа што сојузната држава Њу Џерси е наспроти Њујорк, од другата страна на реката Хадсон и до неа се стигнува брзо и лесно.

Меѓутоа и затоа што прописите во оваа држава освен што овозможуваат од оданочување да бидат ослободени терени и земјиште за гробишта, туку такво право сопствениците на вакво земјиште имаат и кога станува збор за оданочување на личниот имот, за данокот на работа и на промет, како и на даноците за наследство на ваквото земјиште.

Според тоа, како сега стојат работите, починатата Ивана Трамп, на својот втор сопруг, од својот гроб му овозможува да ги изигра даночните прописи и да не плати данок – со тоа што е закопана на (неговиот) терен за играње голф.

Трамп ќе изгради мавзолеј за себе?

Медиумите во САД, но и надвор од земјата, случајот го користат за да уште еднаш се укаже на тоа – за каков човек станува збор. Воопшто, но и во бизнисот во што велат дека бил успешен, кога настојува да одбегне плаќање данок со помош на една ваква измама.

Во меѓувреме, терените на клубот Бадминтер и натаму се користат за спортски натпревари и за забава на богатиот свет од Њујорк и неговата околина, па минатата недела на овие терени се одржани натпревари чиј спонзор била Саудиска Арабија.

Сега се открива и дека Доналд Трамп на овие терени сака да изгради и мавзолеј за себе.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе