Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Доналд Трамп против ќерката Иванка

everett225/Depositphotos.com

Доналд Трамп против ќерката Иванка

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го отфрли сведочењето на неговата ќерка Иванка – едно време советник во администрацијата во Белата куќа – за тоа дека таа се дистанцирала од неговите – со ништо недокажани – тврдења за „изборна измама“ на претседателските избори во 2020 година.

Според едно сведочење во американскиот Конгрес, од 2021 година, што сега за прв пат се појави како снимка, во врска со насилниот упад на толпата трампови приврзаници, на Капитол Хил на 6 јануари 2021 година, Иванка Трамп има речено дека – целосно се согласува со наодите на тогашниот државен обвинител Вилијам Бар, за регуларноста на изборите на кои нејзиниот татко загуби.

Изборите беа легални

Обвинителот Бар кој претходно важеше за силен поддржувач на Трамп и за еден од најлојалните негови соработници, по изборите, беше првиот од администрацијата на САД кој се спротивстави на неоснованите обвинувања на во тоа време се уште актуелниот претседател, дека изборите се фалсификувани.

Бар на неколку пати,  се има огласено со тврдењето дека изборите се легални и дека нема никаков доказ за тоа дека биле фалсификувани.

Трамп, меѓутоа, кој се уште има амбиции да се врати во политиката, за изјавата на Иванка грубо има речено дека таа “нема никаква врска со тоа“, како и дека „не ги знаела анализите на изборите“, кога така зборувала.

Поранешниот државен обвинител, пак, го има дисквалификувано како – „обична кукавица“, особено затоа што тој поднесе оставка во администрацијата на Трамп, пред дотогашниот претседател да си замине од Белата куќа.

Иванка против таткото

Демократите сега тврдат дека бандитскиот напад врз Капитол Хил и насилниот упад во зградата на Конгресот, претставува кулминација на со месеци долгото градење атмосфера за изведување пуч од страна на Трамп. Комисијата во Конгресот во која се води истрага за тие настани, случувањата од пред 1,5 година ги врзува исклучиво за поранешниот претседател.

Според оваа комисија со која во дебатата претседаваше републиканката Чејни, не се работеше за „спонтани нереди“ туку за обид за пуч, преку кој поразениот претседател би ги поништил изборите од ноември 2020 на кои уверливо победи Џо Бајден.

Американските медиуми откриваат дека во текот на првата сесија од сослушување, биле прикажани низа снимени ТВ клипови. Покрај оној на Иванка Трамп, конгресмените го гледале и клипот со  поранешниот државен обвинител . На снимките тој зборува дека повеќепати ги има отфрлено тврдењата на тогашниот претседател дека “само поради (наводната) изборна измама, ги загубил изборите против Бајден“.

„Нешто ќе мора да се направи“

Трамп, меѓутоа, останува доследен на себе и на своето тврдоглаво и арогантно однесување. Тоа го покажуваше уште во  текот на својата прва изборна кампања, а го практикуваше за време на својот четири годишен мандат и особено по доживеаниот тежок пораз од Бајден. За сегашната истрага има речено дека претставува “лов на вештерки“.

Првата расправа во конгресната комисија, меѓутоа, откри и некои  постапките и реакции на Трамп во времето кога тој – по секоја цена – настојуваше да се спречи транзиција на власта по претседателските избори, што сега се означува како обид за пуч.

Кога, на пример, Вилијам Бар рекол дека изборите се регуларни, а дека тврдењето за фалсификување на изборниот процес е „вистинска бесмислица“, поранешниот претседател на тоа има реагирано со коментар до државниот обвинител – „Нешто, сепак,  ќе мора да се направи“.

„Бесење“ на Мајк Пенс

Во време на беснеењето на разулавената толпа на Капитол Хил, составена од расисти, ултра десничари и приврзеници на „ белата супремација“ тие се пресметаа со  обезбедувањето и со полицијата, при што останаа петмина мртви. Сите  беа  дојдени во Вашингтон , откако Трамп – јавно, на еден митинг- ги повика за да се спречи потврдувањето на изборната победа на Џо Бајден. Тогаш толпата има направено и  импровизирана бесилка – наменета за тогашниот потпретседател на САД Мајк Пенс.

Луѓето во толпата извикувала – обесете го Пенс – на што Трамп има забележано – „Изгледа дека тие знаат што треба да се направи“!

„Вината“ и ваквото „казнување“ на Пенс беше определено затоа што  се спротивстави на попречување на демократската транзиција – пренос на власта од дотогашниот на новиот претседател на САД и јавно побара да се прифати победата на Бајден, како израз на изборната волја на Американците.

Токму Бајден има добиено, досега најголема поддршка од гласачите, како ниту еден претседател пред него.

Пенс затоа и присуствуваше на инаугурацијата на Џо Бајден на 20 јануари 2021, додека Трамп одби да се појави и да му честита на новиот претседател. Станува збор за  гест што го имаат направено неколкумина пред него во американската политичка историја.

(В.А.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе