Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Дете починало од роденденски балон

Лук Харпер

Дете починало од роденденски балон

Осумгодишниот Лук Харпер од Даблин, во Република Ирска, починал од тешки повреди на мозокот, откако повеќепати имал вдишено хелиум, од балонот што го има добиено од родителите за својот роденден.

Според сведочењето на мајката, детето целиот ден си играло со балонот добиен за осмиот роденден.

Станува збор за балони кои се продаваат во разни бои и форми, низ целиот свет. Тоа се балони кои се полнат со гасот хелиум и постојано се до врвот на просториите каде се оставаат да летаат. Колку што се знае, во Ирска и во Британија, досега нема пријавено никаков безбедносен проблем поврзан со овие балони, ниту пак ваков сличен инцидент.

Во текот на истрагата, родителите објасниле дека го нашле своето дете како лежи на подот во својата соба, без свест и со балонот околу неговиот врат.

Се смета дека малечкиот Лук се обидувал повторно да го надуе веќе издишениот балон. Тогаш веројатно се онесвестил, што на крајот завршило трагично..

Обдукцијата во даблинската болница покажала дека детето починало поради недостиг на кислород во мозокот, што предизвикало прекин на работата на срцето. Лекарите веруваат дека причина за тоа е вдишувањето на хелиумот од издишениот балон.

Малечкиот дувајќи во балонот, практично, го вдишувал во себе останатиот хелиум и тоа го има направено повеќе пати, не правејќи пауза, за да земе воздух. А, познато е дека хелиумот го истиснува кислородот од белите дробови, па затоа станува мошне опасен ако се вдишува повеќепати.

Мајката и таткото на Лук Харпер сега апелираат до сите родители да бидат внимателни кога децата си играат со ваквите балони. Во секој случај, да не дозволат децата да си играат со веќе издишените балони.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе