Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Базел најскап во Европа, а Белград на Балканот

Базел најскап во Европа, а Белград на Балканот

Еуроактив направи анализа за трошоците на животот низ светот, а посебно во Европа. Во рамките на  истражувањето во кое  е вклучен и Балканот, испитувано е кои се најскапите, а кои најевтините места за живеење. Излегува дека во Европа, прв по скапотијата е Базел , додека на Балканот тоа е Белград.

Како  основен параметар при оценувањето се користени  Њујорк и тамошните цени врз кои се правело истражувањето. При тоа, како мерило за определувањето на ценовното  место на еден град  се земани цените во маркетите и во рестораните, цените на храната и на артикли кои ги сочинуваат  дневните потреби на  луѓето, потоа цените на јавниот превоз, како и станарините и  трошоците за здравствените услуги.

Швајцарија најскапа за живеење

На овој начин е определено дека според скапотијата, во Европа, на прво место е Швајцарија.

Оваа алпска држава е оценета како најскапа за живеење на Стариот континент, а  Базел е означен како најскапиот европски град. Дури и пред Цирих кој е  рангирана како втор, што не е изненадување, бидејќи овој банкарски центар  од секогаш е при врвот според скапиот живот. Заедно со Лозана, на листата на Еуроактив, овие три града се означени како најскапи.

Меѓу првите десет се и норвешките градови Осло и Берген, како и Копанхаген и финскиот Еспо, потоа Даблин и францускиот град Ница.

Според истите методи се оценувани и балканските градови, па се покажа дека главниот град на Србија  е најскапиот за живеење во регионот. На листата на европските градови Белград е на 186-то место, додека во рамките на Балканот, како втора по скапотија е Тирана, која е на 194 место на европската листа.

Балкански мерила

Трошоците на живот во Белград, на пример, се 42, 5 отсто од тие трошоци во Њујорк, додека кај главниот град на Албанија изнесуваат 41 отсто.

Во анализата на истражувањето се објаснува дека Тирана, за нејзините гости и посетители кои доаѓаат од Европа, останува да се третира како евтино место, но градот е мошне скап за живеење за неговите жители кои остваруваат низок доход и имаат мали плати. Оценка е дека половината од популацијата во земјата живее во сиромаштија, или е на нејзината граница.

На балканската листа , од нам блиските градови, Приштина важи за евтин град, додека Сараево кое е рангирано на 206-то место во Европа, останува да се третира за скап во рамките на мерилата на Балканот. Главниот град на БиХ е поскап за живеење од Подгорица и од Скопје.

Лисабон „идеален град“

Анализата на Еуроактив не се занимава со тоа кој град во Европа е најпогоден  за живеење- за месното население и за оние кои се доселуваат од страна.

На една друга листа, за таков бил определен Лисабон, главниот град на Португалија. За него велат дека, пред се,  има идеална клима, нуди солидна забава и добар провод, а просечната плата во градот изнесува 3750 евра. Сето тоа го прави речиси „идеален град“ за живеење.

Тоа, меѓутоа , не важи за целата земја. Според податоците на ЕУ, просечната плата во Португалија е многу пониска и  изнесува 1270 евра, па таа се уште треба да расте за да се достигнат високите европски просеци од кои земјата заостанува.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе