Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Kамерманот мртов, режисерот ранет, а Болдвин во шок

SamAronov/Depositphotos.com

Kамерманот мртов, режисерот ранет, а Болдвин во шок

Познатиот американски актер Алек Болдвин (68), пукајќи од пиштол – реквизит за време снимањето на вестерн филмот „Rust”, ги застрела директорот на фотографијата Халина Хачинс и режисерот Џоел Соуза.

Во трагичниот инцидент, Хачинс (42), инаку Украинка по потекло, е убиена на самото место, додека Соуза (48) е тешко ранет и префрлен во болницата во градот Санта Фе, во американската сојузна држава Њу Мексико.

Се јавува дека итно бил повикан болнички хеликоптер со кој до болницата била префрлена Хачинс, но лекарите можеле само да констатираат дека таа веќе била почината.

Тежок инцидент

За тешкиот инцидент во текот на правењето на еден филм, светот разбра од локалниот шериф на округот Санта Фе, каде филмската екипа го имала поставено сетот, предизвикувајќи вистинска вчудоневиденост во јавноста и шокираност во филмската индустрија во Холивуд.

Во првото соопштение на шерифската канцеларија се вели дека главниот камерман и режисерот настрадале додека се снимала сцената во која актерот Болдвин, кој е и продуцент на филмот, испукал куршум од реквизитот кон „целта“, каде биле камерата и Хачинс.

Истрагата за овој инцидент е во тек, но засега против никого не е покренато обвинување.

Таа треба да утврди кој вид муниција имало во пиштолот – филмски реквизит, затоа што претпоставката е дека во него требало да има само т.н. „ќорци” – лажни куршуми кои имаат барутно полнење, но го немаат зрното кое единствено убива.

Болдвин пукал со пиштолот – реквизит

Засега само е потврдено дека Алек Болдвин е тој кој пукал, па затоа е прв сослушан во локалната полиција. Притоа има речено дека реквизитот му го дал во рака, помошник режисерот и дека тој бил безбеден пред фаталното пукање. Тој пак, на сослушувањето изјавил дека не знаел дека во таквиот пиштол има вистинска муниција, мислејќи дека станува збор за „ќорци”.

Американските медиуми, во меѓувреме, јавуваат дека овој актер – ветеран на филмот и на телевизијата, е во шок од она што се случи, па се стравува дека после една ваква трагедија – тој ќе може да се врати на работа. Повеќе весници го имаат „уловено” актерот, целиот во солзи, како седи пред шерифската канцеларија во Санта Фе.

На својата Твитер страница Болдвин има само запишано дека длабоко жали за она што се случи, изразувајќи им сочувство на сопругот и на семејството на директорката на фотографијата Хачинс, со кои е во контакт, нудејќи секаква помош и објавувајќи дека соработува со истрагата за расветлување на трагедијата.

„Не постојат зборови со кои би можел да ги изразам својот шок и тагата за Хачинс – сопруга, мајка и колешка “ – има речено Болдвин.

Каква била муницијата

Јавено е дека сцената што е снимана, предвидувала користење на огнено оружје, но сега се истражува дали во пиштолот – реквизит биле ставени вистински куршуми и ако е така кој можел тоа да го направи.

Каскадери и актери низ светот веќе го коментираат настанот, инсистирајќи притоа дека Болдвин не може да се квалификува како „убиец“, како што тоа во првите информации во медиумите изгледаше.

Сите овие веруваат дека станува збор за несреќен случај, какви има многу ретко, затоа што при ваквите снимања се преземаат бројни безбедносни мерки, но дека тие сепак, се случуваат.

Во сличен инцидент, пред повеќе години загина и синот на легендарниот хонгконшки актер Брус Ли. За овој случај имаше сомневања дека „некој намерно ги има заменето куршумите“, но тоа никогаш не беше докажано.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе