Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Би-Би-Си: Ова е шок на годината

Би-Би-Си: Ова е шок на годината

Победата на фудбалската репрезентација на Република Северна Македонија над четирикратниот светски шампион и трикратниот европски првак Германија, од 2:1, во Дуизбург, според Би-Би-Си претставува „не само шок на овие квалификации, туку тоа е и шок на 2021 година“!

И британскиот медиум и сите светски агенции заслужената победа на Македонците над Германците, како што се оквалификува, е спортска вест на денот при што се јавува дека поразот на Германија домашен терен во тамошната јавност е примен со неверување и како голем шок.

„Не знам што се случи и не знам како ова да го објаснам. Знаевме сите пред мечот дека не треба да го потцениме противникот. И мислам дека не го потценивме. Едноставно, не бевме доволно добри“ – има речено германскиот фудбалер Гундоган кој беше стрелец (од пенал) на единствениот гол за германската репрезентација.

Ова е прв пораз на Германија во квалификациите за Светското првенство после 2001 година и одиграни 35 средби без загубен меч. Двата гола примени од Македонија се првите што Германците ги имаат примено во годинешниве квалификации.

Македонија и прва поведе преку голот на ветеранот Горан Пандев, пред крајот на првото полувреме, а победата ја донесе младиот играч на Наполи, Елјиф Елмас на пет минути пред крајот. И за двата гола спортските новинари велат дека биле постигнати по добри акции, што само го потврдува впечатокот дека македонските фудбалери не влегоа во мечот исплашени и спремни однапред да се предадат пред моќниот противник.

Уште победата можеше да биде и поуверлива, доколку рускиот судија не ја оштетеше Македонија, не досудувајќи чист пенал при резултат 1:1.

„Ова е прв пат да победиме еден толку силен и реномиран противник, уште и на негов терен. Ова е голема победа за целата држава.”

…има речено македонскиот селектор Игор Ангеловски кој мечот го водеше под посебен стрес. Неговата сопруга е во болница поради сомневање за заразеност од коронавирусот.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе