Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Русија: Седуммина заразени со птичји грип

ChinaImages/Depositphotos.com

Русија: Седуммина заразени со птичји грип

Руските здравствени власти потврдија дека е регистриран прв случај за пренесување на вирусот на птичји грип – тип Х5Н8 – од домашните птици на луѓе. Станува збор за група од седуммина работници заразени на една живинарска фарма, во јужните реони на Русија.

Во текот на декември, минатата 2020 година, локалните власти соопштија дека во овој дел од земјата избувнала епидемија на птичји грип кој ги има погодено кокошките и патките. Но тогаш, не беше јавено дека вирусот се пренел од живината на луѓето.

„Заразата е под контрола“

Државниот здравствен инспектор Ана Попова, за домашните медиуми има речено дека сите седуммина заразени работници се чувствуваат добро.

Таа потврдиле и дека здравствените и ветеринарните власти ги имаат преземени сите потребни мерки за да се блокира ширењето на заразата меѓу живината, но и за да се спречи таа да се рашири и меѓу локалното население.

Засега нема пријавено ниту еден случај овој тип грип да се раширил и меѓу луѓето, пренесувајќи се од еден човек, на друг. Нема ниту нови случаи заразени работници, како ниту пријавени болни меѓу нивните најблиски.

Попова притоа открила дека руските вирусолози имаат постигнато забележително научно откритие – успеале да го изолираат овој вид генетски материјал од инфицираните работници, па сега руските научници ќе може да почнат да работат врз развојот на системи за тестирање против овој вид вирус.

Вирус од типот Х5Н8

Другите видови птичји грип, кога обично ги напаѓаат луѓето, предизвикуваат тешки компликации и смрт. Ова е, меѓутоа, прв пат овој тип вирус – Х5Н8 да се пренесе од живината врз луѓе.

Во 2014 година, на една фарма со патки во Англија, како и на фарма во Холандија, беше регистриран птичји грип. Експертите ја смируваа јавноста со објаснувањето дека нема причини за загриженост, но инсистираа да се запре ширењето на заразата меѓу домашните птици – најчесто со нивно масовно уништување.

Тогаш беше откриено дека постои цела низа видови птичји грип. Најголемиот број од нив не се опасни по здравјето на луѓето. При тоа, има случаи за пренесување на вирусот од птиците врз луѓето, но до тоа доаѓа само при долг, постојан и непосреден контакт на луѓето со живината.

Неколку видови птичји грип

Вирусот кој е многу поопасен и кој може да предизвика тешки последици по здравјето на луѓето, доколку тие се заразат со него – е од видот Х5Н1.

Симптомите за овој тип птичји грип е сличен како и кај другите видови грип – почнува со температура и кашлање, со главоболка, со силен студ, треска и општа малаксаност, по што може да дојде до посериозни компликации.

Во сегашниот случај на Русија, станува збор и за друг тип вирус, како и за отсуство од поширока епидемија – како што уверуваат тамошните власти. Тоа е истиот вирус кој предизвика зараза и во Средна Европа, изминатата есен, а последен пат се јави минатиот месец, на една фарма за патки во Бугарија.

Како во случајот на Русија, така и на сите другите, ветеринарите тврдат дека заразата ја имаат предизвикано дивите птици – преселници кои летаат над европскиот континент.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Здравје

Горе