Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Наследникот на „Самсунг“ осуден за корупција

Наследникот на „Самсунг“ осуден за корупција

Ли Џеи Џонг, човекот кој важеше за наследник на „Самсунг“ е осуден од Вишиот суд во Сеул, на 2,5 години затвор. Неговото осудување е  дел од еден многу поширок корупциски скандал што подолго време ја преокупира јужнокорејската јавност.

Со осудувањето на Џонг, практично, целата групација „Самсунг“ останува без својот прв човек- оној кој досега ги имаше определувани сите важни, стратешки насоки и ги носеше виталните одлуки на компанијата. Иако формално, тој беше потпретседател на Управниот одбор на „Самсунг-Електроникс“ , познавачите на состојбите меѓутоа објаснуваат дека од својата втора по ранг позиција, Џонг ја водеше целата групација.

Ли Џеи е осуден за корупција, како и за проневера на пари. Веднаш по изрекувањето на пресудата, овој доскоро угледен бизнисмен е одведен во затвор, на издржување на казната.

Во неговиот случај, станува збор за повторено судење.

Ли беше осуден и му беше изречена затворска казна , затоа што има подмитено поранешната претседателка на Јужна Кореја – Парк Гуен Хие , како и на една нејзина блиска соработничка, но и блиска личност во приватниот живот, за да од јужнокорејската влада добие поддршка и согласност за интеграцијата на две филијали на „Самсунг“.

После купената поддршка од шефот на државата, групацијата на чие чело беше Ли Џеи Џонг максимално ја има зголемено контролата над најголемата деловна корпорација во Јужна Кореја.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе