Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Грција најпребарувана дестинација на Гугл

Грција најпребарувана дестинација на Гугл

Угледното американско списание за туристички патувања низ светот,  Conde Nast Traveler, ја објави листата на десет најбарани и најпопуларни дестинации, врз основа на податоците на Гугл за најчестите пребарувања  на места и локации за патувања, што биле направени во текот на оваа година.

Според ваквото рангирање, на прво место е Грција, како најбарана туристичка дестинација. Втора е Шпанија, трета Италија , а во првата петорка се уште и Португалија и Хрватска.

Пребарувања на Гугл

Во објаснувањето за направената листа на најгугланите глобални локации, списанието вели дека ја има направено врз основа на ексклузивниот увид во одделот за поатоци на Гугл за патувањата низ светот, што овој интернет сајт ги има неодамна објавено.

Тоа е направено во рамките на обемното истажување на Гугл, врз основа на тоа – што неговите корисници најмногу пребарувале во изминатите 12 месеци.

Најмногу пребарувања  на Гугл имало за Грција и тоа од нејзините најпопуларни острови- Миконос, Санторини, Крит и Родос, па се до Атина и нејзините антички знаменитости. Во заклучокот на списанието за оваа медитеранска земја се вели дека- што и да се одбере, лугето остануваат импресионирани од Грција.

Шпанија која е рангирана како втора, се препорачува дека  може да се посети во текот на целата година.

„Нема досадно место во Италија“

Списанието вели дека Шпанија е  атрактивна во летните месеци, за летување, како и надвор од сезоната , поради  разноликоста на нејзините градови- посебно на Гугл  биле пребарувани Барселона и Сан Себастијан- но земјата е популарна и поради гастрономските специјалитети по кои  е позната низ светот.

За Италија ( трета на листата) американското списание пишува дека – во Италија никому и никаде нема да му биде досадно -затоа што италијанските градови се преубави, а плажите често може да се најдат недопрени од масовниот туризам.

Се споменува и можноста за шопинг , посебно во Милано, но се истакнуваат и Рим, Фиренца , Венеција, областа Тоскана, како и изобилството од музеи и историски знаменитости.

Португалија, пак, по малку изненадувачки, се има искачено како четврта дестинација.  За пребарувачите на Гугл, високата португалска позиција и не би требало премногу  да чуди.  Затоа што оваа некогашна колонијална сила нуди разнолика убавина, како на северот ( Порто), така и на југот од земјата, посебно Азорските острови.

Лисабон и откривање на Хрватска

Сето тоа помогна, токму португалскиот главен град-  Лисабон, оваа година, да биде прогласен за најповолна дестинација за одмор во град.

Хрватска е пета на листата и тоа е голем успех на тамошниот туризам, кој забрзано расте по влегувањето на земјта во ЕУ. За неа се вели дека станува откритие за  туристите од Европа и од светот кои постојано бараат нешто ново.

Списанието ги истакнува убавините на Дубровник, но главната карактеристика за оваа нова  дестинација е дека Хрватска, пред се, нејзиниот јадрански брег,  полека, но сигурно станува побарувана европска туристичка одредница.

Во листата на списанието, правена според пребарувањата на Гугл, меѓу првите десет земји се  Кипар, Тајланд, Египет, Малта и Мароко.

Ваквото рангирање е секако афирмација и реклама за сите овие земји, но туризмот одамна не служи само за тоа, туку  е силна и значајна стопанска гранка кој носи големи приходи  за економиите на државите. На пример, 30 отсто од грчкиот буџет се полни од туризмот, а Шпанија секоја година инкасира десетици милијарди евра.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе