Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Куба од ОН бара помош во храна

Куба од ОН бара помош во храна

Владата на Куба -за прв пат досега- побара помош од Програмата за храна на ОН- за да може да и се помогне во санирањето на недостигот на храна и на некои од основните прехранбени производи,  за надминување на тешката криза со која се соочува оваа карипска, островска, комунистичка земја.

Веста за тоа ја потврди и Програмата за храна (WFP), оценувајќи дека станува збор за – како што е речено- случај без преседан, затоа што и покрај бројните досегашни кризи, Куба никогаш  нема барано помош од Светската организација за храна.

Особено што овде станува збор за барање за испорака на млеко во прав, за деца на возраст под седум години.

Нема млеко во прав за децата

Тоа само покажува дека сегашната криза во снабдувањето е сериозна како никогаш досега, затоа што освен недостиг на млеко во прав, во земјата нема доволно ниту гориво, но и лекови и медицински потреби. Според сопствено признание, во овој момент, Куба може да испорача само по еден килограм вакво млеко месечно- за  девојчиња и момчиња на возраст под седум години.

ОН и нејзината програма за храна  соопштија дека веднаш реагирале на апелот за помош и во Хавана веќе се испорачани првите количества.

Млекото во прав, како и сите други основни прехранбени производи во Куба се максимално субвенционирани од државата која, сепак, нема никогаш доволно пари за да ги задоволи сите потреби на денешниот современ човек, но сето тоа се прави  низ рационалното снабдување – со дистрибуирање во едномесечни дози.

Не постои можност- низ сопствено производство или од увоз ,  да се постигне некаква стабилност на пазарот, меѓу другото и поради тврдата комунистичка идеологија, а и затоа што оваа карипска земја никогаш нема доволно девизи.

Помош од СССР но не од Русија

Ваквата ситуација и ваквиот начин на снабдување трае над 60 години од  победата на кубанската револуција и доаѓањето на власт на Фидел Кастро.

Режимот што тој го има воспоставено,  без некои позначајни измени и сега е на сила. Без Фидел и неговиот остарен брат Раул Кастро, кој од страна надгледува да нема „отстапување од идеолошката линија“ , па затоа продолжува кризата, како и  сите други пред оваа, оправдувајќи ја со американската блокада на Куба, уште од времето кога островот стана комунистички.

Факт е дека блокадата и создава проблеми на Куба, но земјата шест децении како да живее во некој свој свет- чекајќи на помош, или на подршка од надвор.

Порано додека постоеше комунизмот и СССР, Москва помагаше со пари и со економска помош, заедно со другите европски комунистички држави. Но, кога комунизмот во Русија и Европа пропадна, Русите ги интерсираше само да ја имаат Куба како некаков свој природен носач на авиони и безбедносен сојузник.

Овие денови во Хавана престојуваше руска делегација со која – како што пишуваат кубанските медиуми- се разговара за безбедносни прашања, а не за испраќање храна и  она што на земјата и треба, како што е горивото.

Најголема криза досега

Во еден период, на режимот во Хавана му помагаше и Венецуела, со една своевидна трампа. Кубанците испраќаа свои образувани лекари и учители и професори  во Венецуела, а таа на Куба и даваше нафта и ги плаќаше Кубанците кои таму работеа.

Меѓутоа, одредени кубански министри изминатото лето, за време на тогашните немири ,  врзани за економската криза,  почнаа да зборуваат за внатрешните состојби. За прв  пат се слушнаа критики и барања од Кубанците-  да почнат да работат многу повеќе и да ја зголемат својата (сега) крајно ниска продуктивниост. Не сокрвајќи се секогаш и во секоја прилика зад американската блокада.

Барањето помош од ОН, доаѓа во време кога кубанските власти признаа дека се одлага најновата испорака  млеко за деца меѓу шест месеци и две години. Со објава дека тоа ќе трае се додека не се набат нови количества.

Во меѓувреме, цената на горивото е зголемено за цели пет пати- што за Кубанците и нивните крајно скромни плати е поскапување што тие не можат да го издржат.

(Х.К.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе