Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Австрија : Осуден екс канцеларот Курц

Австрија : Осуден екс канцеларот Курц

Поранешниот кацелар на Австрија Себастијан Курц е осуден од судот во Виена на осум месеци затвор, но казната веднаш беше  преименувана во условна.

Тој беше осуден за давање лажни изјави во текот на официјалнaта истрагата за откриена корупција во владата, што ја отвори и ја водеше австрискиот Парламент. Судењето траеше четири месеци.

Ова е прв пат во австриската правна и политичка историја, по повеќе од 30 години, еден поранешен канцелар (премиер) на земјата, да биде изведен на судење.

Политички „вундеркинд“

Станува збор за политичар кој едно време беше оквалификува како „вундеркид“ во политката. Беше најмладиот шеф на дипломатијата, лидер на австриската Народна партија и канцелар. Остана на таа позиција до 2021 година, кога поднесе оставка за една друга корупциска афера.

 Во процесот во кој беше осуден, 37 годишниот политичар беше обвинуван дека има дадено лажни докази во текот на истрагата во јуни 2020 година, за врската на владата со една моќна компанија

Како„ крунски доказ“  на обвинувањето се користеше мобилниот телефон на неговиот близок сојузник, Томас Шмид кого го имаше определено за наследник , односно пораките што меѓусебе ги разменувале.

Од афера, во афера

Себастијан Курц стана лидер на Народна партија кога имаше 31 година- врз антимиграциската политика која тогаш ја форсираше.

Во 2017 година, како канцелар се определи за предвремени избори, а како коалициски партнер во владата, за да остене канцелар, ја прифати ултрадесничарската Слободарска партија, која често во минатото има  соработувано и со австриските неонацисти.

Коалицијата, меѓутоа, пропадна откако заменик канцеларот и лидер на ултрадесничарите беше откриен дека тајно, зад грбот на владата, прави договор со руски инвеститор, близок на Владимор Путин. Прво, за да се преземе влијателниот виенски весник „Кронен Цајтунг“, а потоа, преку него да се подигне рејтингот на крајната десница до мниво кое ќе и обезбеди да може да создаде влада.

Тој план (во соработка со Москва) пропадна, а од тоа време се памети доаѓањето на Путин на свадбата на тогашната австриска министерка за надворешни работи, од редовите на ултра-десничарите.

Дружба на ултрадесницата со Путин

По губењето на функцијата, екс-министерката се пресели да живее во Русија, под заштита на путиновата власт. Сега не само што и е овозможено да остане во земјата, туку блискоста со Путин и овозможи да биде директор на некаков новоформиран институт за надворешни прашања, што Кремљ го отвори во Сенкт Петербург.

Себастијан Курц, пак, по последната оставка, замина од политиката, во Канада, за да работи како консултант во тамошна компанија.

Како млад партиски лидер и министер тој беше познат и на македонската политичка сцена, како пропагатор на вмровската партија пред едни предвремени избори,  од времето на избеганиот лидер кој сега е во Будимпешта. Велат дека вмровците го имаат измамено Австриецот во својата „европска определеност“.

Подоцна, како премиер,  Курц соработуваше и со новата, вистински европски и прозападно определена влада во Скопје, силно подржувајќи го македонскиот пат кон НАТО и ЕУ. Вмровците, водени од избеганиот лидер, се претворија во филијала на руската империјална политика на Балканот, спротивставувајќи им се на Западот и на Европа. Таа определба е се уште актуелна.

(А.В.)

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе