Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Трамп тврди дека личи на Елвис Присли

Трамп тврди дека личи на Елвис Присли

Поранешниот американски претседател, сега бизнисмен-милијардер Доналд Трамп кој сака одново да влезе во Белата куќа, што е само по себе преседан во современата политичка историја на САД, во кампањата која сам ја води постојано се јавува со разни, чудни и необични изјави.

Ветувајќи дека ќе го спасувал светот од Америка која тој не ја сака, но и збунувајќи ги Американците со своето контроверзно однесување.

Настрана што е  заглавен во неколку судски процеси, токму поради неговите неодмерени тврдења и неодговорно однесување, какви не се паметат во Америка од еден тамошен претседател  – тој во сегашната кампања за републиканска номинација, почнал да се саморекламира ,  тврдејќи дека личи на некоја позната личност, од минатото на САД, или од светот.

Недолично однесување

„Со години ми зборуваат дека личам на Елвис Присли. Сега се појави фотографијата со споредба меѓу Елвис и мене, па навистина би сакал да кажете што вие мислите за тоа“- има напишано на Икс ( поранешен Твитер) човекот кој сака да се врати во американската политика- и тоа на големата врата- и уште да го предводи  светот.

Трамп има побарано неговите симпатизери, но и сите другите, да се изјаснат за тоа колку остарениот Доналд Трамп (78), навистина  личи на одамна починатата  ѕвезда, запаметен како крал на рокенролот- од младите години на Елвис.

Она што е уште почудно и што го прави претседателскиот претендент недоличен и неподобен за една толку висока и значајна  функција, е што самиот Трамп, покрај пораката со замолница, да му кажат дали си личи со Присли  , има поставено  фото-монтажа на која  споени се прикажани половината на неговото лице, со лицето на Елвис Присли.

„Смешно да не е тажно“

Неговите приврзеници се збунети, велат американските медиуми, а другиот дел од САД не знаат дали да се смеат, или да жалат, коментирајќи дека е тажно што еден ваков човек има претседателски  политички амбиции. Особено што не е прв пат Трамп да се споредува со некого.

Претходно, се споредувал со Абрахам Линколн, претседател од времето на граѓанската војна во САД, а друг пат со Нелсон Мандела- споредувајќи ја нивната мудрост и политичка вештина , со себе си.

Но, Доналд Трамп се има споредувано и со еден Леонардо да Винчи, па дури и со неоткриениот лик на жената со магична насмевка, од неговата прославена слика- Мона Лиза.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе