Поврзете се со нас

Skopje Global

Технологија

Икс на Илон Маск со најмногу дезинформации

Икс на Илон Маск со најмногу дезинформации

Европската комисија (ЕК) го предупреди американскиот милијардер Илон Маск дека неговата социјална мрежа Икс ( поранешен Твитер) е преплавена со лажни вести и со дезинформации за војната која ја покрена палестински Хамас против Израел.. Европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон објасни дека сето е спротивно на правните рамки на ЕУ.

После терористичките напади од минатата сабота (7 Октомври), ЕУ има сознанија дека платформата Икс се користи за ширење на нелеаглни содржини и за дезинформации на територијата на Унијата. Бретон му има испратено и писмо на Маск во кое го потсетува дека околу таа работа во ЕУ постојат мошне прецизни обврски за тоа како треба да биде уредена социјалната мрежа, врз основите на европскиот закон за дигитални услуги.

Предупредување од ЕУ

Според еврокомесарот кој е задиолжен за  дигиталната транзиција , објаснува дека бројни медиуми и организации на цивилното општество во огромен број јавуваат за тоа дека на Икс платформата кружат лажни вести, измислени иформации и свесно пласирани дезинформации за војната против Израел и лажни слики за кои е утврдено дека потекнуваат од други воени судири, од поранешни воени конфликти, па дури и од видео игри.

Бретон бара од Маск да биде  исклучително транспарентен и прецизен околу тоа кои содржини се дозволени , како и тоа дека мора доследно да ја спроведува зацртаната деловна политика. Тоа, како што има оценето еврокомесарот, е особено важно кога станува збор за текстови со исклучително насилна и терористичка содржина- за кои веќе е утврдено дека и натаму слобпдно кружат по социјалната мрежа Икс.

Писмото на Бретон до Маск е објавено наоваа  социјална мрежа . Во него се посочува и тоа дека надлежните европски органи веќе имаат испратено и формално предупредување до  компанијата.

Екс Твитер дистрибуира fake news

Слични предупредувања од институциите на ЕУ се упатени и кон сопственикот на компанијата Мета, Марк Цукерберг , затоа што има пропуштено да го контролира ширењето  дезинформации на Фејсбук, иако се вели дека процентот на лажните вести на оваа социјална мрежа е нешто помал.

Икс (Твитер) ,меѓутоа , е апострофиран и предупредуван не само за сегашната воена криза на Блискиот Исток, по бестијалниот терористички напад на  хамасовци и на припадниците на групата Палестински џихад, во кој имаат извршено масакри врз  невини луѓе- убивани во своите домови и на еден мировен музички концерт- туку и за војната на европскиот Исток, во Украина.

И за овие воени судирања  продолжуваат да се шират лажни вести и лажни слики од војната, како и изобилство дезинформации кои се упатуваат кон јавноста на ЕУ, а за тоа Илон Маск и неговата компанија немаат ништо преземено.

Во еден извештај на Европската комисија кои ги анализира ваквите состојби, Икс ( Твитер) на американскиот милијардер се посочува како социјална мрежа на која има далеку најмногу Fake news и дезинформации, што компанијата на Маск ги толерира.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Технологија

Горе