Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

„Полза од ЕУ и со кандидатски статус“

„Полза од ЕУ и со кандидатски статус“

Михаел Рот, претседател на Одборот за надворешна политика на германскиот Бундестаг, изјави дека ЕУ има пропуштено и прокоцкано многу време, но и доверба, со својот однос кон Западен Балкан и кон земјите – кандидати во регионот.

Според тоа, доколку сака да извојува победа во натпреварувањето со Русија и Кина (а сака), Унијата мора брзо да ја оживее европската перспектива на овој регион во Европа, но на тој начин што земјите кандидати уште веднаш би ја почувствувале ползата од тоа да се биде членка на ЕУ – има речено Рот кој осум години – меѓу 2013 и 2021 година – беше државен секретар во германското МНР.

„На Европа и се неопходни чекори што брзо мора да се изведат за да на земјите кои имаат кандидатски статус и луѓето во нив им се покаже дека соработката со либералните демократии е поатрактивно и покорисна од соработувањето и од врските со авторитарните режими (на Русија и на Кина)“ – пишува германскиот политичар во весникот „Цајт“.

Будење на ЕУ од геополитичкиот сон

Рот вели дека инвазијата врз Украина ја има разбудено ЕУ од нејзиниот геополитички сон. Односно, агресијата извршена од Русија, предизвика Унијата одново да открие дека една од нејзините најуспешни инструменти и натаму останува да биде – политиката за проширување.

Станува збор за политика која – како што посочува Рот – „беше мотор на мирот, на демократијата, на владеењето на правото и на благосостојбата на Европа“, затоа „сега е време таа успешна приказна да продолжи со земјите од Западен Балкан и од Источна Европа“.

За него, стабилизацијата и интегрирањето на Југоисточна и Источна Европа, посебно сега кога војната се врати во Европа, е во интерес на земјите од ове региони, но и во европски интерес. Затоа е неопходно БРЗО РЕФОРМИРАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ, така што луѓето од државите од овие делови на европскиот континент ќе може уште во времето на пред формалното влегување во ЕУ – постепено – да може да профитираат од предностите кои ги нуди Унијата.

Реформирање на пристапниот процес

Најважната работа е реформата на пристапниот процес. А, тоа значи дека земјите – кандидати ни биле – чекор, по чекор – внесувани во структурите на ЕУ, уште сега додека се во фазата на пред формалното зачленување.

Конкретно, земјите – кандидати кои низ преговорите веќе имаат постигнато напредок во демократијата, во владеењето на правото, во доброто владеење – треба редовно да присуствуваат на седниците на Европскиот совет (на лидерите на ЕУ), како и на некои одбрани состаноци на Советот на министрите. Одлика за тоа (која земја да се вклучи) ќе носат Европскиот Парламент и Европскиот совет, на предлог на Европската комисија (европската влада) – но, со КВАЛИФИКУВАНО МНОЗИНСТВО – а не со консензус.

Во овој период, предлага Рот, кандидатите уште потесно да соработуваат со Унијата и со Брисел кога станува збор за важни области од секојдневието, како што се безбедноста, енергијата и инфраструктурата. Тоа е посебно важно за оваа година, кога за Западен Балкан треба да се обезбеди снабдување со енергија.

Пристап кон заедничкиот пазар

Во тоа постепено навлегување во Унијата, на овие држави треба постепено да им се овозможува и пристап кон европскиот заеднички пазар, што би било многу привлечно, користно и силно потикнувачко за забзување на чекоресето по европската патека.

Во рамките на реформите што би требало да им служат на државите од Западен Балкан кои ги сугерира Рот, германскиот политичар го става и „значителното зголемување на претпристапната (финансиска) помош“.

Тоа, според него, е важно за да се пополнат сегашните инвестициски празнини, а на тој начин, да се одбегне врзувањето на земјите за кинеските инвестициски кредити. Притоа, за проектите кои би ги финансирала ЕУ потребно ќе биде да се зајакне процесот на консултации и консултирањето.

Земји – патрони на кандидатите

Во предлозите на Михаел Рот за брзо реформирање на целиот пристапен процес – што би требало да се случува во време на чекорењето кон ЕУ – Германецот заговара поедини земји кои се веќе во Унијата, да преземат ПАТРОНСТВО врз поедини држави – кандидати за ЕУ.

Тие би биле вклучени во процесот на пристапувањето – технички и политички – и од непосредна близина би биле вклучени во помагањето, подржувањето и надгледувањето на европскиот пат на земјите кандидати.

Конечно, Рот е силен заговорник за тоа дека одлуките за почеток на пристапниот процес и за отворањето, или затворањето на некое од поглавјата во преговорите, да се донесуваат со квалификувано мнозинство на земјите членки.

Досегашниот систем за одлучување и на овие работи со консензус, значеше можност некоја од земјите – членки, од била која причини, или со било каков мотив, да може да стави вето и на тој начин да го блокира целиот процес на пристапување на земјата кандидат, но и политиката на ЕУ за проширување.

Во регионот на Западен Балкан тоа досега беше и присутно и злоупотребувано.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе