Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Ватикан ја зголемува својата војска

Pedro Mealha/Unsplash

Ватикан ја зголемува својата војска

Најмалата држава во светот – Ватикан – која ја има на располагање и најмалата војска во светот, соопшти дека го зголемува бројот на својот воен состав и тоа за 23 отсто.

Во пресрет на Светата година 2024, кога во оваа државичка со површина од 110 хектари, сместена во еден поголем кварт на Рим, главниот град на Италија, се очекува милиони верници од Италија, Европа и светот да дојдат во посета, одлучено е да се зголеми бројниот состав на војската.

Сега таа располага со вкупно 110 војници. Со најавеното зголемување на нивниот број, ватиканската армија треба да има 25 војници повеќе, или вкупно 135.

Услови за „регрутација“

Станува збор за елитната и колоритна Швајцарска гарда, чии припадници се облечени во живописни униформи како во времето на Средниот век. Припадниците на гардата се цел на милионите туристи кои секоја година минуваат низ Ватикан, сликајќи ги, или во денешно време правејќи селфи – за спомен.

Но, гардистите не се само туристичка атракција на државата со која управува папа, туку имаат и безбедносна задача. Да го заштитат поглаварот на Католичката црква, папата кој ја има и световната должност на шеф на државата.

Во специјалното соопштение се вели дека за потребите на „регрутацијата“ (пополнувањето на новите работни места), во Швајцарија е отворена специјална канцеларија за медиуми и за контакти, каде може да се разберат и условите за прием во ватиканската војска. Пред се, тоа мора да бидат добри и чесни луѓе.

Традиција од над 500 години

Треба да се неоженети Швајцарци, на возраст меѓу 19 и 31 година, да се католици со добро здравје и со беспрекорна репутација. Мора да се високи најмалку 1,75 см. и да ја имаат завршено задолжителната воена обука во швајцарската армија.

Гардистите може да се оженат, откако ќе бидат во војничка служба пет години.

Единицата Швајцарска гарда е создадена во 1506 година и од тогаш, па се до сега припадници на војската на Ватикан може да бидат само мажи. Сега, меѓутоа, има навесување дека би можело да се прекрши ова свето правило.

Жени – гардистки?

Висок функционер на Светиот стол има изјавено за италијанските весници дека ќе се гради нова касарна за гардистите, што би требало да почне во 2026 година, а со проектот се предвидува и комплетен дел за сместување на жени – гардистки. За тоа, меѓутоа, се чека дополнителна одлука на сегашниот папа Франциско, или на неговиот наследник.

Франциско (85) кој најави дека би можел да се повлече, од здравствени причини и поодминати години, во рамките на својата заложба за модернизација на црквата и на Ватикан има поставено жени – свештеници на низа високи функции во администрацијата на државата.

Швајцарска фондација веќе има собрано 37 милиони швајцарски франци, од планираните 45, колку се потребни за изградбата на нова касарна за гардистите. Сегашната е стара над 150 години.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе