Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Без единство во ЕУ за визите за руските граѓани

Без единство во ЕУ за визите за руските граѓани

Европската Унија, барем засега, нема постигнато единство околу барањето на неколку земји членки – да им се укинат туристичките визи на државјаните на Русија, за влез и престој како туристи и гости на територијата на ЕУ.

Барањето да се престане со издавање туристички визи го имаат покренато земјите од Балтикот, откако тоа, претходно, го побара од Европејците украинскиот претседател Волдмир Зеленски. Предлогот го подржува и Финска, а Данска која е на таа линија, бара од Брисел да се донесе одлука која би важела за сите земји – членки на Унијата.

„Ахиловата пета“ на Кремљ

Актуелниот претседавач со Унијата – Чешка – веќе најави дека по летната пауза, во септември ова прашање ќе го иницира пред сите членки, оставајќи впечаток дека и Прага се согласува со една ваква мерка. Се очекува, за ова да стане збор на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на 31 август.

Аргументот на оваа група земји е дека “треба да им се забрани на Русите да не патуваат во Европа, да одат на одмор во европските земји и да уживаат како туристи во европските одморалишта, додека во исто време, нивната војска убива Украинци, војува во Украина и ја уништува оваа земја“.

Естонија, дури смета дека забраната за издавање визи за руските граѓани, претставува „Ахиловата пета“ на режимот во Кремљ.

Едноставно, со сегашната политика на ЕУ кон ова прашање, излегува дека му се помага на Владимир Путин да им покаже на Русите и на тамошната јавност дека – во основа – ништо не се променило во нивниот живот поради неговата (наводна) „специјална воена операција“ на украинска територија.

Берлин е против

И покрај војната и воведените санкции на ЕУ, САД и Западот кон државата, луѓето и натаму може да патуваат, да летуваат и да се шетаат низ европските држави. Дури и сега кога Москва најавува дека ќе ги анектира сите освоени и окупирани области на украинскиот Исток. Делејќи им руски пасоши на тамошното население во време кога руската страна постојано порачува дека Украина, како држава, повеќе нема да биде она што беше досега.

Германија, меѓутоа, смета дека одлуката за забрана издавање туристички визи за Русите би била избрзана и контрапродуктивна. Канцеларот Олаф Шолц изјави дека Берлин нема да подржи таква одлука.

„Ова не е војна на рускиот народ. Тој не војува во Украина. Овде станува збор за путинова војна и ние мораме да бидеме сосема јасни околу тоа прашање” – има речено Шолц кој притоа инсистирал дека има многу луѓе од Русија кои бегаат од таму, затоа што не се согласуваат со режимот во Москва.

Финска – скратување за 90 отсто

Затоа, германскиот канцелар има речено дека една одлука на ЕУ, во оваа насока, не би требало да им го отежнува излагањето на руските граѓани да заминат на слобода, надвор од својата земја.

Финската премиерка Сана Марин, која подржува забрана, смета дека РУ за ова треба да расправа и да изнајде начин да се разделат работите – хуманитарниот аспект на влегувањето а Русите на територијата на Унијата, од она кое се однесува за задоволство – за шетање, летување и за провод во Европа.

Слична реакција има и од Балтикот каде исто така се согласуваат дека може да има „хуманитарни отстапки“, но во трите балтички земји не се отстапува од намерата да се запре заминувањето на Русите во ЕУ – за туризам.

Владата во Хелсинки, во меѓувреме, соопшти дека ќе го намали издавањето туристички визи за 90 отсто, останувајќи на позицијата за остро несогласување со војната во Украина. Од 1 септември, туристички визи за Русите ќе се намали на само 10 отсто од сегашната бројка.

„Хуманитарни” визи

„Нема целосно да го укинеме издавањето на туристички визи, но бројот на таквите визи ќе биде значително намален. Приоритет ќе имаат посети на роднини, семејни контакти, како и визи за работа и студирање” – изјави финскиот шеф на дипломатијата Пека Хависто.

Финска сега издава околу илјада туристички визи дневно за руските државјани, а министерот Хависто потврди дека неговата земја ја испитува можноста за издавање „хуманитарни визи“ кои би ги користеле новинарите и претставници на разни невладини организации.

Литванија ја прифаќа ваквата идеја на финската влада и би се согласила за тоа да се одделат хуманитарните случаи, пред се, на оние кои бегаат од путиновиот режим, од визите за туристички потреби кои Москва ги користи за својата пропаганда пред домашната јавност во Русија.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе