Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Русија го краде челикот од Украина

Free2014/Depositphotos.com

Русија го краде челикот од Украина

Русија на окупираната територија, на украинскиот Исток, по инвазијата од 24 февруари, го краде челикот произведен во Украина и потоа го продава низ светот – изјави генералниот директор на украинската компанија „Метинвест“ Јури Риженков. Според него, во изминатите месеци е украден челик во вредност од 600 милиони долари.

Оваа компанија ја поседува Азовската челичарница која се претвори во последното упориште на украинските војници и скривалиште за цивилите, во текот на руското уништување на украинскиот град Мариупол. Русите го освоија овој град на Азовско Море, сурово уништувајќи го и притоа не водејќи сметка за цивилното население.

На пазарите во Африка и Азија

Риженков тврди дека украдениот челик, прво е префрлен на територијата на Русија, а потоа од таму (како руски производ) е продаван за разни корисници кои сега настојуваат да го сокријат својот идентитет, затоа што украинскиот челик – или веќе бил продаден, или бил определен за купувачите во други земји.

Седиштето на „Метинвест“ е во Мариупол, кој беше центар за производство и за тргоја на челикот. Градот три месеци беше напаѓан од руската солдатеска, пред неговите бранители да мораат да се повлечат во мај, од кога се наоѓа под руска окупација.

Генералниот директор веели дека околу 300 вработени во локалната челичарница и уште околу 200 нивни блиски роднини се убиени во руските напади на Азовстил.

Оваа компанија, заедно со другите кои се водат како „компании – ќерки“ учествуваат со 40 отсто од вкупното украинско производство на челик.

Украдено од европски компании

Директорот Риженов има изјавено дека најголемиот дел од украдениот челик бил веќе платен од европските партнери. Според службените сознанија на компанијата и сознанија добиени по други канали – украинскиот челик Русите го продаваат во разни земји од Африка и Азија.

„Она што тие (Русите) го прават е најобичен грабеж. Не само што го крадат нашето, украинско производство, туку го крадат и челикот на купувачите кои го имаат платено и требало да го префрлат на своја територија, како што е тоа случај со европските компании кои исто така се жртви на рускиот грабеж. Едноставно, челикот веќе бил нивна сопственост„ – објаснува првиот човек на „Метинвест“.

Тој уверува дека компанијата има целосна документација за украдениот челик и за тоа каде и како бил префрлан во Русија, а потоа продаван, како да е руски. Станува збор за воен криминал, за грабеж во текот на војна, па затоа навестува дека Украина и компанијата ќе настојува да покрене правна акција против оние кои купиле украдена стока.

Држава која извршува грабежи

Правни експерти, меѓутоа, велат дека иако постои правна основа за една ваква акција, се сомневаат дека ќе може да се наплати компензација. Посебно затоа што тоа тешко се докажува и треба многу време, а и затоа што најчесто во прашање се земји каде тешко може да се зборува за владеење на правото.

Она што Украина сега може да направи и дури да и наштети на непријателската страна повеќе и од вредноста на украдениот челик е – да ја означи Русија како држава која извршува грабежи.

И тоа, од територија која ја има запоседнато и окупирано, па според тоа да ја прикаже како земја која го има прекршено меѓународното право и во економскиот сектор. Светот треба да разбере дека Русија продава на светскиот пазар УКРАДЕНА СТОКА – како што тоа го правеше (и го прави) со украденото украинско жито.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе