Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Џеј-Ло стана госпоѓа Афлек

ChinaImages/Depositphotos.com

Џеј-Ло стана госпоѓа Афлек

Прославената актерско – пејачка двојка Бен Афлек и Џенифер Лопез соопштија дека се венчале, само три месеци откако објавија за својата повторна свршувачка и неколку месеци по обновувањето на врската – прекината пред 18 години.

„Нема повеќе Џеј – Ло, сега сум само госпоѓа Афлек„ – изјави насмеана прославената пејачка и успешна актерка во десетици холивудски филмови.

Нејзината изјава уследи откако матичарот од службата за венчавки во Лас Вегас, каде двојката се има венчано, откри дека пејачката се откажала од своето презиме Лопез и се има запишано како Џенифер Афлек.

Афлек и Лопез беа пред свадба во 2004 година, кога неочекувано беше објавено дека нивната врска е прекината и тие повеќе не се заедно.

Таа има зад себе четири бракови, но колку што се знае, сега за прв пат го има земено презимето на сопругот. Џенифер беше во брак со пејачот Марк Ентони, од 2004 (веднаш по тогашното раскинување со Афлек) до 2014 година и од тој брак има две деца – близнаци кои живеат со таткото.

Афлек од 2005 до 2018 година беше оженет со актерката Џенифер Гарнер со која има три деца.

Тој е најмладиот добитник на наградата Оскар – на само 25 години – за филмот „Добриот Вил Хантинг“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе