Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

САД: Меѓупартиски договор за оружјето

Oleksandr_UA/Depositphotos.com

САД: Меѓупартиски договор за оружјето

Една група од 20 сенатори во Сенатот на САД – од редовите на Демократската и Републиканската партија – постигнаа согласност за основнте принципи на законот за безбедност, во врска со набавувањето и носењето огнено оружје.

Американските медиуми пишуваат дека со предложените одредби на идниот закон предвидено е проверка на менталното здравје на купувачи помлади од 21 година, потоа подобрување на безбедноста во училиштата и факултетите, како и на учениците и на студентите и спречување – опасни криминалци и ментално нездрави лица да можат да купат оружје.

Исто така, се предвидува зголемување на ресурсите за да може оружјето да биде подалеку и недостапно за ризичните категории луѓе, но и за сузбивање на илегалното продавање и купување оружје.

„Важен чекор во вистинска насока“

Во поделениот Сенат, договорено е десетмина републиканци да им дадат поддршка на новите мерки, што ќе биде доволно, законските мерки да поминат во Горниот дом на американскиот Конгрес и да се избегне партиската блокада.

Претседателот Џо Бајден има изјавено дека оваа рамка за идниот закон претставува “важан чекор во вистинската насока“, без разлика што тој не содржи и други и многу поенергични одредби за да може да се стави крај на насилството (поради слободното поседување и носење оружје).

Според Бајден, после оваа меѓупартиска согласност, сепак, нема пречки за донесување на новите мерки кои, инаку, во Претставничкиот дом на Конгресот лесно ќе поминат затоа што демократите таму имаат доволно мнозинство.

Се верува дека со меѓупартискиот договор усвојувањето на новиот закон лесно ќе помине и во двата конгресни дома. Бајден, потоа, ќе може веднаш да го потпише законот за да стане правосилен, настојувајќи на тој начин да може да се спасат детски и младешки животи, откако во неколку крвави инциденти беа убиени десетици деца.

Масакар во Јувалде – Тексас

Последен таков инцидент се случи пред крајот на мај, во градот Јувалде во сојузната држава Тексас која е под републиканска контрола и важи за силен противник на воведување било каква контрола врз оружјето.

Во овој тексашки град, осамен убиец во напад без никаков повод уби 19 лица – – 17 ученици на тамошното училиште и две наставнички кои биле убиени кога се обидувале да ги спасат децата.

Станува збор за 18 годишниот Салвадор Рамос, за кого се знае дека самиот го има напуштено средното училиште и школувањето. Според локалната полиција за него нема никакво криминално досие, ниту пак сознанија за било каква ментална болест.

Полицијата се уште трага по мотивот за овој масакр, но признава дека знаела оти убиецот на социјалните мрежи најавувал што ќе направи, неверувајќи дека тоа не е празна закана.

Полицијата во Јувалде го има ликвидирано напаѓачот. Меѓутоа, претседателот Бајден вели дека овој најсмртоносен инцидент во некое училиште, во последните десет години, не може никого да остеви рамнодушен и незагрижен за она што се случува во земјата.

Протести во јавноста во САД

„Не можеме оваа трагедија да ја прогласиме за илегална (како оружјето на убиецот) но можеме Америка да ја направиме да биде побезбедна. Конечно, можеме да да го направиме она што е потребно, за да ги заштитиме животите на луѓето и нашите деца“ – има речено Бајден при посетата на Јувалде, каде престојуваше да им изрази сочувство на семејствата на убиените.

Ова масовно убиство во Тексас, за прв пат, по подолго време предизвика масовни протести низ САД со кои се бараше ставење ред и контрола при купувањето оружје.

Демонстрантите во Вашингтон, посебно, бараа сенаторите да престанат да се однесуваат како ништо не се случува и да се откажат од блокирањето на построги законски мерки.

Тоа пред се, важи за републиканците во Сенатот кои се најжестоки противници на ограничување во вооружувањето. Има, меѓутоа, и демократи кои го бранат – како што велат – „уставното право“ на луѓето да се има оружје.

Трамп сите ќе ги вооружува

Низа познати имиња од американското општество бараа интервенција на државата во запирање на масовните убиства низ градовите во САД.

Холивудскиот актер Метју Меконахи, на пример, повика на поголема реформа во врска со оружјето. Тој исто така, побара ревизија и на вториот амандман на Уставот на САД кои им дозволува на Американците да поседуваат оружје.

Според Меконахи, за убиствата низ Америка виновни се сопствениците на оружјето, затоа што често го злоупотребуваат вториот амандман.

Само поранешниот претседател Доналд Трамп се огласи со спротивна реакција. Наместо за контрола, тој се огласи заговарајќи уште поголема слобода на постоечките закони, со помасовно вооружување на луѓето.

Како што има речено – за да Американците можеле подобро да се одбранат од насилниците.

(В.А.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе