Поврзете се со нас

Skopje Global

Култура

Маверик ја освојува Америка

Маверик ја освојува Америка

Новиот филм на американската ѕвезда Том Круз „Топ Ган – Маверик“ со голема брзина ја освојува американската публика, па веќе во првата недела од прикажувањето во дури над 4730 кино сали во САД има заработено 135 милиони долари.

Филмски коментатори и експерти за маркетинг и за реклама тврдат дека веќе до крајот на следната недела овој акционен филм на Круз и на компаниите Парамаунт и Скајденс ќе заработи и над 150 милиони.

Станува збор за изненадувачки показатели, бидејќи првичните очекувања беа многу поскромни.

Подобар од првиот „Топ Ган“

Според холивудскиот весник Вараети, рекордите кои ги бележи Маверик (главниот лик) се резултат на многу добрите оценки и на пофалните рецензии од критиката, која смета дека овој (втор дел) од „Топ Ган”е дури и подобар од првиот филм – снимен пред 36 години.

Враќањето на Том Круз во борбените авиони со кои изведува бројни бурни доживувања како пилотот Пит Мичел, познат по прекарот „Маверик“ – сосема сигурно – ќе биде филм со најдобра заработувачка во долгата кариера на овој американски актер.

Тој веќе сега е најголемото негово постигнување, кога станува збор за заработувачката на филмот, затоа што е првиот кој во првата недела од прикажувањето има надминато 100 милиони долари.

Продуцентите, инаку, првично имале цел да ја покренат публиката на 40 годишна возраст која (во САД) се помалку оди во кино – за да се врати во кино салите.

Короната ја одложи премиерата

Многу добрите критики, меѓутоа, ги има покренато и помладите гледачи, оние кои не биле ниту родени кога се прикажуваше првиот филм „Топ Ган“ со Круз, Вал Килмер и другите ѕвезди.

Ваквата разврска ги прави задоволни продуцентите кои се соочуваа со бројни предизвици.

Пред се, со одлагањето на премиерата која првично беше предвидена за почетокот на 2020 година, а се одложи поради глобалната ковид пандемија.

Филмот е оценет како скап продукт, затоа што за него се потрошени 170 милиони долари.

Во овој трошок не се внесени парите за неколкуте гала премиери, како онаа во Кан, на отворањето на годинешниот Кански филмски фестивал.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Култура

Горе