Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Франција: жена премиер по 30 години

"Elisabeth Borne" (CC BY 2.0) by paquierjacques

Франција: жена премиер по 30 години

Францускиот претседател Емануел Макрон ја именува Елизабет Борне, досегашна министерка за труд и работни односи, која претходно го покривала секторот за заштита на човековата околина. Претходно, досегашниот премиер Жан Кастекс поднесе оставка на функцијата.

Борне која сега треба да формира нова влада, е само втората жена на премиерската функција. Претходно, како првата Французинка – премиер била Едит Кресон, која таа функција ја имаше во време кога претседател беше Франсоа Митеран. Но, на позицијата остана само 11 месеци – од мај 1991 до април 1992 година.

Досегашниот премиер Кастекс, кој важеше за близок на десниот центар во домашната политика, уште пред претседателските избори во април објави дека ќе се повлече од функцијата ако Макрон освои уште еден претседателски мандат. Според неговото објаснување, оставката ја има поднесено за да на центристичката партија на Макрон и даде “нов елан“ пред парламентарните избори во јуни.

Според француските медиуми, Макрон сака на премиерската функција – која во основа е техничка, по својата природа во тамошната политика – да има способен политичар – „силен за општествените теми и прашања, за човековата околина и за производството” а притоа тоа да биде жена.

Таа има 61 година, а ТВ станицата Франс – 24 ја опишува како „умерен бирократ“, гледано низ нејзината кариера во изминатите пет години – како министерка за сообраќај, за човекова околина и досега за труд. Но, има извршувано и бројни разни функции во француската Социјалистичка партија, која ја подржува владата на Макрон.

Аналитичарите во Париз оценуваат дека таа како министерка за труд ја има намалено невработеноста во Франција на најниско ниво во последните 15 години, а најболната точка – невработеноста на младите – за дури 40 отсто. Се смета дека токму тоа го има раководено Макрон да се определи за Борне, за новата премиерка на државата.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе