Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Руски пензиониран генерал бара оставка од Путин

Free2014/Depositphotos.com

Руски пензиониран генерал бара оставка од Путин

Највисоко рангираниот пензиониран руски генерал, побарал од претседателот Владимир Путин да се откаже од војна со Украина и притоа го обвинил рускиот лидер дека создава вештачки судир, за да го сврти вниманието на домашната јавност од домашните, внатрешни проблеми со кои се соочува Русија.

Генерал – полковникот Леонид Ивашов, во отворено писмо до Путин – заглавено како „Во пресрет на војната“ – ја осудува, како што рекол – ”злосторничката политика на предизвикување војна“, иако Русија не се соочува со никаква критична закана дека ќе биде нападната.

Остри обвинувања од Ивашов

Ваквите обвинувања кон рускиот претседател се испраќаат веќе со месеци, откако тој ја покрена кризата со Западот и со НАТО, поставувајќи силна армада од 120 илјади руски војници и опкржувајќи ја Украина од сите страни – од западните политичари и од бројни воени експерти, во очекување на руска инвазија врз украинската територија.

Но, ова е прв пат, некој во Русија и тоа јавно, па згора високо поставен генерал на армијата, иако е пензиониран – да се нафрли врз Путин и да ја критикува неговата политика кон Киев, кон Западот, САД и ЕУ.

Уште повеќе што отвореното писмо на генералот Ивашов и ваквото остро несогласување со политиката на Путин, доаѓа во време кога рускиот претседател имаше средба со францускиот претседател Емануел Макрон во Кремљ. И, само еден ден по изјавата на американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливен, дека руската инвазија (врз Украина) би можела да се случи “било кој ден“, предизвикувајќи висока цена во човечки животи.

Воен експерт на Путин до 2001

Ивашов кој се има повлечено од активната воена служба, сега е силно ангажиран во политиката, како претседател на Серуското официрско собрание. Претходно генералот беше главен шеф кај Путин за воена соработка во министерството за одбрана.

Во отвореното писмо, на интернет страницата на Собранието, има речено дека стравува оти Русија ќе се претвори во отпадник на меѓународната заедница, доколку се покрене инвазија, па го има повикано Владимир Путин да поднесе оставка!

Леонид Ивашов е одликуван со разни високи одликувања и во Русија важи за еден од најпочитуваните генерали од старата гарда. Познат е и како „тврд војник“ и како националист кој се уште го заговара стариот советски систем како подоброто решение за земјата од она што е сега. Велат дека е близок до она што во Русија се уште се смета како комунистичка партија, но не е нејзин член.

Политички противник

Откако Путин го смени од функцијата што ја имаше, во 2001 година, во текот на неговиот прв претседателски мандат, Ивашов стана остар критичар на претседателот кој е на власт од 2000 година и негов политички противник.

Од тогаш на неколкупати има барано од Путин да поднесе оставка, обвинувајќи го дека е премногу мек и дека ги заштитува луѓето кои ја сочинуваат корумпираната елита, наспроти руската јавност.

За многу помали обвинувања, Алексеј Навални е во затвор – не се знае до кога – но се верува дека пензионираниот генерал полковник, сепак, нема да го апсат. Впрочем, неговата сегашна интервенција, со јавното писмо, доаѓа откако над пет илјади граѓани имаат потпишано петиција, барајќи од Путин да ја смири ситуацијата и да го прекине судирот.

Ивашов се согласува дека „секогаш имало закани кон Русија, но дека тие не се клучни и директно не ја загрозуваат руската држава и нејзините витални интереси“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе