Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

„Одгледувајте деца, а не домашни галеничиња“

"General Audience with Pope Francis" (CC BY-NC-ND 2.0) by Catholic Church (England and Wales)

„Одгледувајте деца, а не домашни галеничиња“

Папата Франциско, се соочи со опасноста да биде критикуван и напаѓан од љубителите на домашните галеничиња низ светот, откако на една аудиенција во Ватикан, ги повика младите парови да одгледуваат деца, а не да чуваат мачиња и кучиња како замена за родителството.

Во таа прилика, поглаварот на католичката црква рекол дека „луѓето не треба да бидат себични, така што ќе ги заменат децата и љубовта кон нив, со галеничињата. „Да имаш некое домашно галениче, наместо деца значи одземање на човечноста“ – рекол Франциско..

Зборувајќи за родителството, тој изразил жалење што (понекогаш) кучињата и мачињата ги заземаат местата во општеството, што треба да го имаат децата.

„Денеска гледаме облик на себичност, гледаме како некои луѓе не сакаат да имаа деца, или се определуваат само за едно, но затоа имаат дома галеничиња кои им ги заменуваат децата и љубовта кон нив. Ова може да изгледа смешно, но тоа е нашата стварност“ – рекол папата, забележувајќи дека откажувањето од татковството и од мајчинството ги намалува луѓето и целиот човечки род.

Според папата Франциско, ваквата состојба во многу средини, предизвикува стареење на нашата цивилизација (посебно кога станува збир за Европа) и тоа само поради губењето на мајчинството и на татковството.

Ова не е прв пат, Франциско да зборува на оваа тема.

Уште во 2014 година, една година по неговиот избор за нов папа, тој во авторски текст во римскиот весник „Ил Месаџеро“ има напишано дека “да чуваш куче, или маче, наместо да се грижиш за сопствено дете претставува културолошка деградација. Тоа е пример за егоизам, бидејќи емоционалниот однос кон животното е полесен, отколку меѓу родителите и децата„.

Тој сега ја повторил својата порака и притоа рекол дека „да се има дете е ризик, но дека ризикот е многу поголем да се нема потомство“, па ги советувал младите брачни парови, кои од некоја биолошка причина не може да имаат свое, да усвојат дете, означувајќи го тоа и како хуман гест.

Некои европски медиуми се обидоа да им контрираат на ваквите пораки на папата Француско, потсетувајќи дека тој се има сликано како милува куче, или во една друга прилика, за Богојавление, како во рацете држи мало јагне. Други, пак, на тоа реагираа со (веројатно) правилниот заклучок – дека папата не ги мрази животните и галеничињата, туку само сака да го поттикне родителството.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе