Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Договорена „Семафор коалиција“ во Германија

Ale_Mi/Depositphotos.com

Договорена „Семафор коалиција“ во Германија

После два месеци од парламентарните избори, Германија има нова коалициона влада која ќе ја сочинуваат Социјалдемократската партија (СПД), партијата на Зелените и Либералната партија (ФДП). Ова е прв пат во германската политичка историја, да се формира три партиска коалиција, што во следните четири години треба да управува со Германија.

Лидерите на трите партии, на заедничка прес конференција во Берлин, го претставија меѓупартискиот договор за основите врз кои новата влада ќе ја води земјата и за принципите на кои ќе се темели нивната коалииска работа.

Соопштено е дека нов канцелар ќе биде Олаф Шолц, лидерот на лево – центристичките социјалдемократи.

Бербок шеф на дипломатијата

Тој ја наследува Ангела Меркел која 16 години (во четири едно, по друго мандати) беше федерален канцелар, германски лидер и некрунисан лидер на обединета Европа. Шолц е помалку познат во Европа и помалку харизматична личност од источногермската докторка по хемија и физика, но е искусен политичар. Тој во последната влада на Меркел беше вицеканцелар и министер за финансии.

Нов министер за финансии е лидерот на Либералите, Кристијан Линднер кој е дел од конзервативното крило на оваа партија, а важи за противник на зголемување на даноците. Двајцата лидери на Зелените, пак, Аналена Бербок и Роберт Хабек ги преземааат двете клучни функции во владата. Хабек ќе биде министер во т.н. „суперминистерство“ кое ќе ги покрива економијата и климата и климатските состојби, додека Бербок ќе биде министерка за надворешни работи.

За прв пат, на таа важна функција во Германија и за нејзината политика во ЕУ, во Европа и во светот, се поставува една жена. Но, таа е и прва после Јошка Фишер, која како лидер на германските Зелени, влегува за да шефува во министерството за надворешни работи.

Ослободување од јагленот

„Семафорот” (црвено, жолто и зелено – според боите на трите партии) е тука, затоа што СПД, Зелените и Либералите постигнаа договор околу коалицијата” – рече Шолц во Берлин.

Според него, партиите ги поврзува желбата Германија да оди напред, а новата влада тој ја прикажа како сојуз на рамноправни.

„Мојата цел како иден канцелар е овој политички сојуз, што ние го нарекуваме „Семафор“ е да ја преземе сличната улога на насочување, како што тоа ја имал првиот семафор во светот, што во 1924 година бил поставен во Берлин, на плоштадот Потсдам” – има речено Шолц.

Коалицискиот договор има 117 страници и за него се вели дека е полн со компромиси на различните политички (и идеолошки) опции. Во тие компромиси, како заедничка нотка со која се согласиле трите партии тоа е ослободувањето на Германја од јагленот и доведувањето на т.н. обновлива енергија на 80 отсто (во вкупната произведена и користена енергија) вече до 2030 година – или во следните осум години.

Коалиција на континуитет

Исто така е договорено и зголемување на минималната плата, како и зауздување на пандемијата со коронавирусот. Ова прашање станува искучително важно на стартот од новта влада затоа што земјата, одново, се соочува со целата жестина на овој вирус.

Новиот министер за финансии Линднер изјавил дека Германија и со новата коалиција останува силно посветена на стабилните финансии, но останува посветена и на демократијата, заедно со сите правни држави во светот.

Ваквите навестувања на сите тројца лидери и идни високи функционери на германската влада, ја потврдуваат проценката на домашните аналитичари, но и на европските политички посматрачи дека „семафор“ коалицијата ќе биде влада на континуитетот, иако во не аги нема десно – центристите од ЦДУ/ЦСУ и Ангела Меркел.

Тешко време за Германија и ЕУ

Шолц, Бербок и Линднер, сепак, ја преземаат должноста од Меркел во тешко време.

Прво, во самата Германија, посебно кога станува збор за пандемијата, што се одразува и врз домашната економија. А, потоа и во ЕУ – каде од меркелово време остатанаа неразрешени низа прашања врзани за иднината на Унијата, за наметнување на владеење на праваото, на спротивставувањето на крајната десница во самата ЕУ и на проширувањето, кое сега се сведува само на земјите од Западен Балкан.

Меѓутоа, врзани со Унијата, а важни и за самата Германија, се и прашањето за односите со Русија, што сега се на најниско ниво, овој пат уште во услови кога ќе го нема „разбирањето“ што постоеше меѓу Меркел и Владимир Путин, како и односите со Кина.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе