Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Австралија ги отвора границите – по 18 месеци

zstockphotos/Depositphotos.com

Австралија ги отвора границите – по 18 месеци

Австралискиот премиер Скот Морисон соопшти дека оваа земја – континент, од идниот месец ќе ги отвори своите граници и на некој начин ќе излезе од самонаметнатата изолација од остатокот на светот, после 18 месеци откако поради пандемијата со коронавирусот, забрани патување во странство без дозвола.

Според Морисон, вакцинираните Австралијанци, ќе можат да се вратат дома, доколку изминатите 1,5 година биле некаде “заробени“ во странство, а сите другите ќе може да патуваат низ светот. Она што се чека е процентот на вакцинираните да се стигне до 80 отсто. Владата и Морисон очекуваат тоа да се постигне во ноември.

„Дојде моментот кога Австралијанците ќе си го вратат својот живот. Се подготвуваме за тоа и Австралија наскоро тоа ќе го направи“ – изјави во својот познат популистички стил, Морисон, користејќи ги сличните изјави на британскиот премиер Борис Џонсон, за тоа дека „луѓето ќе треба да се навикнат да живеат со ковидот” како и тоа дека земјата не може да остане трајно заробена со пандемијата.

Најстроги рестрикции во светот

Вакцинираните лица ќе може да бидат во карантин – дома – седум денови по враќањето од странство, со што се избегнува досега определената изолација од две недели, во посебно определен хотел, што е од надвор обезбедуван.

Ваквата мерка се уште е во сила, но тамошните медиуми тврдат дека таквата заштита на хотелите за изолација е толку лабава, што лицата од карантин излегувале надвор, а нивните чувари биле блиски со нив, не применувајќи мерки за заштита. Тоа се смета како главна причина за ширење на пандемијата во земја која толку долго време е целата во карантин.

Тоа посебно се однесува за ситуацијата во Мелбурн, главниот град на сојузната држава Викторија, каде на неколку пати се воведуваше строг полициски час и блокади на целата држава, како и во Сиднеј, најголемиот австралиски град, каде со недели на сила е локдаун во делови од градот кои се прогласени за кластери на заразата.

На 20 март 2020 година, Австралија воведе едни од најстрогите гранични рестрикции во светот, за да се оневозможи навлегувањето и ширењето на пандемијата.

Разделени и заробени семејства

Во овие 560 денови најголемиот број од меѓународните летови се запрени, а авионите се приземнети, додека патувањата во странство се сведени на минимум.

Освен социјалниот елемент и чувството на изолација и отсеченост од светот, што ги има погодено луѓето, земјата и нејзината економија имаат претрпено голема штета – посебно во секторот на туризмот, како и на авионскиот сообраќај.

Работите дојдоа до тоа, цели семејства да останат разделени на повеќе континенти и во разни земји, а во исто време бројни странски државјани останат блокирани во Австралија, без можност да си одат дома и да се видат со своите родители, со блиските и со пријателите.

Само во првите пет месеци оваа година, над 100 илјади барања за влез, или за излегување од Австралија – соопшти деновиве австралиското министерство за внатрешни работи.

Британски модел?

Ситуацијата во земјата, во врска со пандемијата, во секој случај, се подобрува, најмногу затоа што расте бројот на вакцинираните Австралијанци. Во најголемиот дел од оваа година, меѓутоа, процесот на вакцинација течеше крајно забавено, а бројот на вакцинираните беше мошне низок.

Освен тоа, Австралија има и силно антиваксерско движење и бројни противници на мерките за заштита од инфицирање. Тоа доведе до низа масовни протести и до пресметки на демонстрантите со полицијата,

Но, владата во Канбера, сега е решена да го следи британскиот модел. Тоа значи, ослободување од низа досегашни мерки за одбрана од епидемијата, со инсистирањето дека – „животот тече понатаму“ – што ако се повтори Британија, значи и натаму висок степен на новозаразени и висока смртност – пред се – кај невакцинираните.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе