Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Неавторизирана биографија на Хари

tongvor/Depositphotos.com

Неавторизирана биографија на Хари

Двајца новинари имаат направено „биографија“ на британскиот принц Хари во која станува збор и за последните случувања во кралското семејство. Станува збор за одлуката на помладиот внук на кралицата Елизабета, да се повлече од сите кралски задолженија што му следуваат како еден од синовите на престолонаследникот Чарлс и со сопругата Меган Маркл да се пресели во САД и да се насели во елитната околина на Лос Анџелес.

Во книгата, меѓу другото, се тврди дека Хари (војводата од Сасекс) не жали затоа што раскинал со ројалистичките обврски, како и тоа дека тој и Меган сметаат дека нивното контроверзно интервју со Опра Винфри, за американската телевизија, за двајцата делувало „ослободувачки“ – им помогнало да се ослободат од стресот на кој биле изложени.

Без соработка со принцот

Книгата – „биографија“ на принцот, меѓутоа, веднаш беше отфрлена како неавторизирана, на која Хари ниту соработувал со авторите, а ниту досега, знаел за неа. Неговите адвокати соопштија дека се дистанцираат од авторите и од целата содржина,  затоа што тие не зборувале ниту со принцот, а ниту со Меган. Според нив, „биографијата“ била направена само според искажувања на неименувани извори.

Авторите признале дека не комуницирале со војводата и војвотката од Сасекс, но откриваат приватни детали како тоа дека Меган (наводно) била загрижена за нивната лична безбедност, затоа што – како што се тврди во книгата – примале заканувачки пораки и писма.

Од книгата се има оградено и Бакингамската палата, која одбила било што да коментира.

Познати работи

Впечаток е дека авторите настојувале на едно место да стават што е можно повеќе „скокотливи“ работи. Така се „открива“ дека некој од кралското семејство, уште од порано има речено дека малиот Арчи, синот на Хари и Меган, нема да добие никаква титула, затоа што „може да се роди црно дете“.

И уште – дека војводата и војвотката „долго размислувале дали да откријат кој има зборувано за бојата на кожата “ на правнукот на британската кралица.

Другите „откритија“ на оваа книга се повеќе или помалку обработени од лондонските таблоиди, во нивната пресметка со Меган Маркл. Особено тоа дека братот на Хари, принцот Вилијам бил „бесен“ поради интервјуто со Опра Винфри.

Конечно, авторите на книгата тврдат дека Меган Маркл сакала да присуствува на погребот на принцот Филип, сопругот на кралицата и дедо на Хари. Но, дека причината за нејзиното отсуство не била бременоста (со ќерката Лилибет), туку „советот“ на човек од семејството – дека е најдобро да остане во САД и да не доаѓа во Британија на погребот.

Хари остана без воениот чин

Наводно, и било речено – за да „погребот не се претворел во циркус“.

Ниту Хари, ниту неговата сопруга, на ниту еден начин немаат реагирано на ваквите пишувања. Дури ни за тоа дека на Хари најтешко му паднало не што семејството го има оставен без пари, туку што му се одземени сите воени права и војнички чинови. Затоа што повеќе не бил дел од семејството!

А, принцот десет години од својот живот има оставено во британската армија.

На два пати беше и на најжешкиот фронт во Авганистан – во провинцијата Хелманд – како капетан на кралските маринци, учествувајќи во воени операции против талибанците.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе