Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Директорот на ЦИА со талибанците

Директорот на ЦИА со талибанците

Директорот на американската ЦИА Вилијам Берн тајно се сретнал во Кабул со Абдула Гани Барадар, еден од лидерите на талибанците во Авганистан.

Веста за средбата, за која се вели дека се случила во понеделникот, ја објави американскиот весник „Вашингтон Пост“ повикувајќи се на неименувани функционери во Вашингтон и во неа се вели дека станува збор за прва директна средба на вака високо ниво меѓу администрацијата на претседателот Џо Бајден и на талибанците кои без борба и без отпор на досегашната влада, ја презедоа контролата и власта во Авганистан.

Останува рокот 31 август

Веста за средбата никој, па ни ЦИА ја немаат потврдено, но никој ја нема ниту демантирано. Весникот смета дека единствена тема за која се разговарало, најверојатно, е крајниот рок за евакуацијата и за извлекување на Американците од Кабул, што треба да истече на 31 август.

Случајно, или не, портпаролот на талибанците – оној кој на првата прес конференција тврдеше дека тие се измениле во изминатите 20 години, од американската интервенција во октомври 2001 година, како и дека нема никому да се одмаздуваат затоа што биле против нив и затоа што им помагале и соработувале со странците – изјави дека нема да има продолжување на крајниот рок за евакуација.

Некои од американските сојузници побараа САД да го продолжат рокот, но како што се знае, на он-лајн Самитот на групата Г-7, претседателот Бајден не го прифатил тоа барање. Тој уште порано изјави дека евакуацијата од Авганистан неопходен, долг пат, на кој се можни повремени застои.

Трамп го ослободи Барадар

Талибанците, пак, од почетокот порачуваат дека по 31 август во земјата не сакаат да гледаат странски војници и дека затоа не сакаат рокот да се продолжува.

Абдел Гани Барадер, инаку, е еден од четворицата основачи и лидери на талибанското движење. Тој важи за политички лидер на талибанците. Во 2010 година беше откриен и уапсен во Карачи, во Пакистан, но осум години подоцна, во 2018 беше ослободен и тоа на директна интервенција на тогашниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Тогаш Трамп сметаше дека Барадар би можел да биде од полза за преговорите за мир во Авганистан кој беа покренати во Катар, каде беше сместено целото талибанско раководство.

Токму овој Барадар го има потпишано мировниот договор во името на талибанците, што ова исламистичко движење го има потпишано со САД во Доха.

Потписник на мирот од Доха

Во март минатата година, Трамп има телефонски разговарано со овој лидер на талибанците, што го прави да биде првиот досега кој имал директен контакт со еден американски претседател.

Поранешниот американски државен секретар Мајк Помпео, од своја страна, во септември 2020 година се има сретнато неколку пати со Барадар во Доха, главниот град на Катар, додека талибанскиот лидер во тоа време има направено службени патувања и остварено дипломатски средби во Кина и во Русија, како и во Иран.

Доналд Трамп кој веруваше дека лесно ќе го освои и вториот претседателски мандат, прв објави дека Американците ќе ја завршат “најдолгата војна“ во која досега биле вклучени и дека целосно ќе се повлечат од Авганистан.

Како рок за заминување тој го најави 1 мај оваа година.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе