Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Хакерска банда бара откупнина

shmeljov/Depositphotos.com

Хакерска банда бара откупнина

Неколку денови трае, најголемиот досега, криминален хакерски напад – „Рансомвер“ – што ќе рече, напад со целосно блокирање на компјутерскиот систем, додека не се плати откупна.

Бандата за која се верува дека е поврзана со Русија, затоа што учесниците во криминалот зборуваат руски јазик, ја имаат пробиено заштитата на компанијата чиј софтвер го користат многу други компании, па сега сите заедно се жртви на хакерскиот напад.

Експерти објаснуваат дека криминалците, при нападот, ја користеле алатката која, инаку, помага во заштитата од „малвери“ (злонамерни, лоши софтвери) за да максимално го прошират нападот.

Бандата Ревил

Една „филијала“ на хакерската банда Ревил, која стана позната во сајбер светот, затоа што оваа пролет, ја уцени и наплати откупнина од 11 милиони долари од меѓународната компанија за преработка на месо JBS, во петокот, изврши друг таков напад – заразувајќи ги компјутерите на неколку илјади жртви во 17 земји низ светот.

Станува збор за фирми кои од далечина оперираат со ИТ инфраструктурата на цела една низа разни клиенти.

Ревил, прво, побара од секој кој е погоден со нападот и чиј компјутерски систем е блокиран, откупнина од по пет милиони долари. Во неделата вечерта, меѓутоа, се јави со соопштение преку еден портал што редовно го користи, за да соопшти дека на сите ќе им го даде „универзалниот софтверски клуч за дешифрирање“ што ќе ги ослободи нападнати жртви, доколку платат 70 милиони долари, во криптовалута.

Останува нејасно кој тоа треба да ја плати откупнината.

Нападнати и уценети

Во нападот, излегува, дека Шведска е најпогодена, но како и да е, таму е подигната најголема тревога. Реагираше шведското министерство за одбрана, а министерот изјави дека “станува збор за сериозен напад врз основните функции на шведското општество“ – што според него ја покажува ранливоста на државите при хакерските напади.

Во шведскиот случај се посочува ситуацијата со најголемиот тамошен синџир од 800 продавници за прехранбени производи „Coop’s” кој неколку денови се затворени, затоа што беше нападнат нивниот добавувач на софтверот за касите. Исто така таму не работат низа аптеки, бензински пумпи, а погодени се и државната железница, како и јавниот телевизиски сервис SVT.

Европските медиуми јавуваат дека овој хакерски напад жртви има во низа земји, како Велика Британија, Канада, Јужна Африка, Аргентина, Мексико, Индонезија, Кенија и Нов Зеланд. Погодени се јавните служби и целиот јавен сектор, потоа цела низа разни компании, финансиските услуги, патувањата и забавата.

Техниката на овие криминалци е едноставна – успеваат да се инфилтрираат во мрежата во која „истурат“ малвер што веднаш ги погаѓа сите податоци на нападнатите фирми, што не може да се користат. Хакерските криминалци, тогаш испраќаат порака во која бараат откупнина – платете за да го добиете „клучот“ за декодирање.

Понатаму
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе