Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Комерсант: Москва ја казнува Црна Гора

dbajurin/Depositphotos.com

Комерсант: Москва ја казнува Црна Гора

Русија одржуваше директни авионски летови со Црна Гора, пред се, за туристички потреби, поради популарноста на црногорското приморје кај руските туристи, но веќе подолго време руските авиони не слетуваат во Подгорица, или во Тиват.

Официјално, тоа се објаснува со епидемиолошката ситуација во оваа поранешна ЈУ република. Но, како сега стојат работите, јасно е дека оправдувањето со короната не делува убедливо, затоа што причините за прекинот на врските, сепак,  е од политичка природа – пишува московскиот весник „Комерсант“.

Според наодите на весникот, црногорските власти уверуваат дека имаат направено се што е потребно за да се обноват летовите со Русија. Но, досега ништо се нема изменето, иако епидемиолошката ситуација во Црна Гора е значително поправена, а од руските државјани не се бара ПЦР тест за влез во државата.

„Вината“ на Подгорица

Повикувајќи се на неидентификуван извор, за кој се вели дека е близок до црногорскиот претседател, „Комерсант“ пишува дека „ако порано и можеше прекинот на авионските врски на Москва со Црна Гора, да се оправдува со коронавирусот и лошата епидемиолошка ситуација со која во еден период се соочуваше земјата, сега не е така.  Ситуација со короната е неспоредливо подобрена“.

Весникот цитира и мислење на локални аналитичари кои ја обвинуваат Русија дека “користи секоја прилика, вклучувајќи го и давањето дозвола за летање,  за да економски се казни некоја земја, која во Москва се обвинува дека работи против руските државни интереси“.

Во случајов, тоа се однесува на Црна Гора, но на ист таков третман се ставени и други земји – како во регионот, така и пошироко.

А, „вината“ на Црна Гора е што стана членка на НАТО, како и затоа што сега се приклучи на санкциите на ЕУ против Русија.

„Се чека на извинување“!

Во сферата на политиката таквата постапка на Подгорица не е ништо неочекувано. Кога една земја е членка на определена политичка Алијанса, или на една меѓународна организација, таа земја мора да се однесува и да ги почитува решенијата на организацијата во која членува, како што е тоа ЕУ, на пример.

Но, во Москва одлуката таквата држава да се казнува за (наводно) „анти-руско расположение – не се соопштува директно, туку се користат разни други објаснувања (како што е тоа пандемијата, во случајов) за да се покрие и сокрие политиката.

„Комерсант“ открива дека така размислуваат и црногорските туристички функционери.

За еден од нив, за кого само се вели дека бил на годинешниве туристички саеми во Москва и изјавил на редакцијата на весникот дека претставници на руската власт „се на работ да соопштат дека таквата ситуација (без директни летови – без руски туристи на Јадранот, во Црна Гора) ќе трае се додека некој од Подгорица НЕ СЕ ИЗВИНИ за воведените санкции против Русија“!?

Незадоволство од новата влада

Во Подгорица се верува дека официјална Москва очекувала многу од новата црногорска влада. Особено што (барем до скоро) во нејзиниот состав имаше и силно, проруски политичари кои важат и како анти-НАТО и анти-ЕУ определени.

Но, дека сега биле разочарани кога увиделе дека Црна Гора останува лојална на своите сојузнички обврски кон Алијансата и на партнерството со Унијата, каде земјата има статус на земја – преговарач.

Московскиот весник  открива дека двајцата предводници на руската струја во црногорската политика – лидерите на просрпскиот и (велат) про-путиновскиот Демократски Фронт (ДФ) – Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ, кои беа во широката коалиција на новиот премиер, но демонстративно ја напуштија по обновениот судир меѓу Подгорица и Белград – се подготвуваат да ја посетат Москва – наводно – за да ги убедуваат тамошните власти да прифатат обнова на директните летови.

Црногорски аналитичари на кои им пречи ваквиот руски однос кон државата, со која Русија има дипломатски односи – оценуваат дека во играта која ја игра Москва и во ситуацијата кога таа казнува ако нешто е спротивно на нејзината стратешка определба, веруваат дека овие двајцата пратеници на Демократскиот Фронт, ќе издејствуваат обнова на летовите.

Тоа, секако, веднаш ќе се стави на контото на оваа проруска и антизападна партија.

Свртување во определбата

Тоа кај гласачите во Црна Гора, во првата наредна прилика, на некое следно гласање, ќе се прикажува како „заслуга на ДФ за спасувањето на туристичката сезона“.

Исто онака, како што како нивна заслуга се смета и враќањето на српските туристи кои, инаку, ја бојкотираа земјата, во времето на владата на Мило Ѓукановиќ и нивниот остар судир со Српската православна црква (СПЦ) во Црна Гора, околу посебниот статус што таа го бара за себе.

Во рускиот кризен анти-ковид штаб, за „Комерсант“ рекле дека за обнова на авионските летови кон една земја, или за покренување авионска врска, Русија се раководи само од епидемиолошката ситуација во определена земја.

Црна Гора требаше да биде „руска зона“ на Јадранот, на топло море, што е стара, империјална амбиција на Москва. Но, по стекнувањето на независноста, Подгорица им сврте грб на „историските руско – црногорски врски“ и се определи кон Западот, кон ЕУ и НАТО.

Рускиот олигарх Олег Дерипаска – „кралот на алуминиумот“ кој го имаше купено црногорскиот алуминиумски комбинат, по тоа, се повлече од земјата.

Односите сосема се разрушија по неуспешниот обид за пуч во Црна Гора, во октомври 2016 година. Властите во Подгорица тогаш обвинуваа дека во обидот за соборување на тогашната влада учествувале и руската и српската тајна служба.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Западен Балкан

Горе