Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Евровизискиот победник осомничен за дрога

"Måneskin, Damiano David" (CC BY-SA 2.0) by _Pek_

Евровизискиот победник осомничен за дрога

Победник на годинешниов Евросонг се Италија и нејзиниот претставник, рок групата Манескин кои од европското жири од сите земји членки на ЕБУ и од телевотингот собраа вкупно 524 поени.

На финалната вечер на популарната Песна на Евровизија, што овој пат, по пауза од една година, поради пандемијата со коронавирусот, се одржа во Ротердам, во услови на строги здравствен – епидемиолошки мерки, победникот не беше познат до самиот крај, откако во текот на целото гласање Франција и Швајцарија водеа „мртва трка“.

Франција на крајот остана втора, со 25 поени помалку од победникот – италијанската песна, а Швајцарија заврши како третопласирана.

„Уловен” со кокаин?

Како последна, убедливо се пласира Велика Британија, вистинска велесила во поп и рок музиката, не добивајќи ниту еден поен од било кое од европските жирија – дури ни од Ирска или од Австралија, но нејзиниот претставник не доби ниту еден глас ниту кај гласањето на ТВ гледачите.

Без поени останаа и Шпанија, Германија, како и домаќинот Холандија.

Италијанците со истата песна победија и на годинешниот фестивал во Сан Ремо, исто така благодарејќи на телевотингот, во последниот круг од гласањето, откако претходно ниту еднаш не беа во водство. Но, врз рок групата Манескин и посебно врз нејзиниот фронтмен Дамиано Давид е фрлена сенка, откако тој беше обвинет дека бил снимен како се дрогира, земајќи кокаин.

По повод обвинувањата во некои медиуми, се огласи и Европската радио – дифузна унија (ЕБУ). Таа во своето соопштение вели дека „во ЕБУ се свесни за пишувањето на медиумите и за острите реакции, околу снимката направена во собата за шминка за пејачите, каде Италијанецот бил „уловен“ како шмрка дрога.

Можна е и дисквалификација

Но, во соопштението уште се вели дека тој го отфрлил обвинувањето и изјавил дека веднаш по враќањето во Италија (доброволно) ќе направи тест за тоа дали кај него има траги од дрога.

Официјално, италијанската делегација ја отфрлила можност за присуство на дрога кај претставниците на Италија. Италијанците ги уверувале луѓето од ЕБУ дека од масата за шминка пејачот Давид само „чистел остатоци од скршена чаша“ во моментот додека некој го снимил.

Претставник на ЕБУ изјавил дека на масата навистина се најдени парчиња од скршена чаша, но дека Унијата ќе продолжи да следи како се развиваат работите околу случајот.

Доколку се утврди дека членовите на Манескин користеле дрога во текот на Евросонг, би можеле да бидат дисквалификувани.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе