Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

„Сан” изнајмил детектив да ја следи Меган Маркл

michaelpuche/Depositphotos.com

„Сан” изнајмил детектив да ја следи Меган Маркл

Британскиот таблоид „Сан“ уште во 2016 година, изнајмил приватен детектив кој имал задача да ја следи во чекор Меган Маркл.

Освен тоа, детективот го следел и нејзиното семејство и прибирал секакви информации за неа – од бројот на социјалното осигурување, преку домашната адреса, регистрацијата на нејзиниот автомобил и приватниот телефонски број, до откривање детали за разведениот сопруг и за момчето од нејзиното краткотрајна врска, по разводот, но и за тоа кои и се пријателите.

Сето тоа било покренато веднаш откако лондонските таблоиди открија дека Маркл е во врска со принцот Хари.

Полусестрата во игра

Изнајмениот детектив „копал“ длабоко по приватниот живот на Американката и за тоа од „Сан“ има добивано хонорар, што му бил целосно исплатен кога за својата истрага направил и детален извештај од 90 страници што му го испорачал на најтиражниот британски таблоид.

Веднаш по тоа, весникот почнал да открива и да објавува текстови за Маркл, што ги има означувано како „ексклузивни“ сознанија.

Но, со парите од весникот бил обезбеден, а потоа и направено, интервју со полусестрата Саманта која и тогаш, а и сега не сокрива дека не ја поднесува Меган, па продолжува да е во функцијата на нападите и дисквалификациите кон неа.

Токму полусестрата беше искористена за острите напади, пред се, кон Меган (војвотката од Сасекс), откако нејзиниот сопруг, Хари војводата од Сасекс и таа дадоа интервју за американската телевизија што го водеше прославената Опра Винфри, а кое предизвика гледаност од околу 50 милиони гледачи во Америка, во Британија и низ светот.

Признание на детективот

Откако во Америка се разбра дека „Сан“ со помош на приватен детектив ја следел Меган кога таа му беше само девојка на Хари, лондонскиот весник се обиде да се оправда со обвинување кон детективот. Наводно, редакцијата не знаела оти тој се служел со недозволени средства за да разбере детали за Маркл која таа година беше само актерка во една популарна и гледана ТВ серија што се снимаше во Канада.

Откривањето на бројот на социјалното осигурување, на приватниот телефонски број и на адресата, меѓутоа, во САД се третира како кривично дело. На однесувањето на „Сан“ приватниот детектив реагирал гневно, па во изјава за „Њујорк тајмс„има речено дека е „невозможно уредниците на „Сан“ да не знаат што работам, каде и што истражувам и што тие во Лондон добиваат„.

Детективот притоа има откриено дека постојано го поттикнувале – токму да дејствува нелегално. „Пораките од лондонските уредници беа дека треба да продолжам да работам како што работам, доколку сакам да го задржам ангажманот“ – рекол детективот кој сега жали што им го направил на Меган и Хари со својата истрага, како и дека е подготвен да соработува со адвокатите на британскиот принц и неговата сопруга.

Трамп против Меган

Во целата оваа приказна, како полека да се развива и политика, па така околу интервјуто на Сасекси и посебно во врска со отказот на водителот на Ај-Ти-Ви, Пирс Морган се огласи и доскорешниот претседател на САД, Доналд Трамп!

Тој го бранеше новинарот Морган дека е „неоправдано сменет“ и дека во постапката гледа нешто „слично на неговата судбина“ (!?) но сето тоа го искористи да ја нападне Меган, тврдејќи дека таа е „опасна и лоша жена“ и дека го жали британскиот принц.

Медиумите во САД брзо оценија дека замешувањето на Трамп треба да се поврзе со критиките што на негова адреса ги има упатено Меган уште пред да го запознае Хари, кога во едно интервју ги има критикувано позициите на (тогаш) претседателскиот кандидат Трамп, посебно околу расната политика и односот кон мигрантите и миграцијата.

Од друга страна, во кампањата за осуда и критика на сопругата на принцот Хари се имаат вклучено десничарската телевизија Фокс, њујоршкиот таблоид „Њујорк Пост“, британски „Сан“, како и австралиската телевизија Скај, па дури и сериозниот лондонски „Тајмс“.

Реакција на Хари од 2016

А,,  сите овие медиуми се во сопственост на медиумскиот тајкун Руперт Мардок кој е инаку близок со Трамп и силно ја подржуваше неговата кампања за втор претседателски мандат. Околу ова Мардок се скара и со својот син кој демонстративно ја напушти позицијата во Извршниот одбор на медиумската империја на таткото – Њуз Корпорејшн.

Конечно, откритијата што сега Американците ги покажуваат – за некоректноста на лондонскиот таблоид – потсетија дека уште во таа 2016 година, Хари се има огласено со соопштение од Кенсингтон палатата, каде тогаш живееше (со братот Вилијам и снаата Кејт Мидлтон).

Во него, младиот принц силно застанува во одбрана на својата, тогаш, само девојка Меган Маркл.

Во службеното соопштение што го имаат објавено сите лондонски весници, Хари се пресметува со медиумите (таблоидите) барајќи од нив „да ја остават на мир“ Меган. И, при тоа уште и предупредува на расизмот во новинските написи. Тоа е истото она што принцот го рече и во интервјуто со Опра Винфри на 7 март, кога овојпат ја бранеше својата сопруга од кампањата што се води против неа.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе