Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Москва: Полицијата уапси 200 опозиционери

elenarostunova/Depositphotos.com

Москва: Полицијата уапси 200 опозиционери

Руската полиција во саботата уапси околу 200 опозиционери, сите учесници на еден форум на кој се собрале независни членови на општински и градски совети.

Сите биле собрани во еден хотел во Москва. на состанок што доаѓа во време на се позасилениот судир на руската власт со нејзините противници на домашната политичка сцена и со неистомислениците.

Судирот се интензивира со апсењето на Алексеј Навални, најгласниот критичар на Кремљ, кого го уапсија веднаш по враќањето во Русија од Берлин, обвинувајќи го дека ги има прекршено одредбите за домашен притвор.

„Непожелни“ организации

Полицијата упаднала во хотелот, веднаш што форумот бил отворен и на присутните им рекле дека СИТЕ се уапсени. Причината за полициската интервенција и за апсењето била што собирот бил организиран од организација која била означена како „непожелна“.

Подоцна, московската полиција објаснувала дека го прекинала состанокот затоа што „многу учесници немале маски на лицето“, со што ги имаат прекршено и мерките за заштита на јавноста од пандемијата со коронавирусот, но малкумина веруваат во ваквото објаснување – посебно откако сите во салата биле УАПСЕНИ.

Властите не го имаат објавено името на непожелната организација, но руската невладина организација ОВД – инфо, која е специјализирана за следење на сите политички апсења и на полициската репресија, на својата интернет страница објавила дека се уапсени над 170 учесници на форумот. Меѓу нив има познати руски опозиционери.

Пресметка со Отворена Русија

Меѓу уапсените е опозиционерот Илја Јашин, кои е начело на еден московски дистрикт, потоа поранешниот градоначалник на Екатеринбург Евгениј Ројзман, членот на московскиот градски совет Јулија Галијамина, како и политичарот Андреј Пивоварв.

Тој е еден од организаторите на форумот, како раководител на групата Отворена Русија, што ја има покренато поранешниот руски тајкун Михаил Ходорковски кој откако ја одлежа казната затвор (наводно) за финансиски малверзации, замина во егзил во странство – во согласност со руските власти.

Во снимен видео клип, во полициско комби-возило додека полицијата ги превезувала во најблиската полициска станица, Пивоваров има изјавено дека апсењето на луѓето собрани на мирен форум, во сала во хотел, е изведено само за да се заплашат луѓето, да не се занимаваат со политика.

„Странски агентури“

Од 2015 година, во Русија на сила е закон со кој како кривично дело се смета членството во некоја „непожелна“ организација. Законот, во основа, се однесува на членувањето во невладините организации (НВО) што во најголем број од тогаш се забранети, или се под строга контрола на властите. Станува збор за 30 вакви организации и групи, а меѓу нив е и Отворена Русија.

Паралелно со овој закон, усвоен е и закон со кој НВО, доколку примаат било каква помош од странство, се прогласуваат за „странски агентури“, посебно доколку се занимаваат со политика – било каква и да е –  па нека е и за екологија.

Независни политички аналитичари во Москва проценуваат дека интензивирањето на пресметката со опозицијата е во функција на септемвриските парламентарни избори во Русија, особено откако независни анкети покажуваат пад на популарноста на владејачката партија Единствена Русија, на претседателот Владимир Путин.

(М.Р.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе