Поврзете се со нас

Skopje Global

Култура

„Ова е дело на луд човек“

„Ова е дело на луд човек“

На прославената слика „Врисок“ на норвешкиот сликар Едвард Мунк, напишан со рака, со молив, во долниот агол стои малку забележлив текст кој со години на ред предизвикува внимание. Дилемата која целото ова време ги мачи уметничките експерти беше – кој би можел да го напише текстот и зошто би го направил тоа.

А, текстот на сликата „Врисок“ испишан со ситен ракопис и на норвешки јазик гласи „Ова може да го наслика само луд човек“.

Дилеми околу „Врисок“

Досега се мислеше дека текстот е дело на некој гневен љубител на убавото сликарство, незадоволен од она што го има насликано Мунк – лик со лице на авет кој испушта врисок, покривајќи ги притоа ушите со своите раце.

Националниот музеј на Норвешка, меѓутоа, по направената долга и темелна истрага соопшти дека испишаниот текст е дело на самиот сликар. Едвард Мунк самиот има допишано што мисли за својата слика!

Во соопштението на музејот се вели дека текстот го испитувале со инфра – црвени зраци и дошле до резултат што е сосема различен од она што досега се претпоставуваше. Во истрагата била користена сликата од 1895 година, една од четирите верзии на „Врисок“.

Нема сомнеж, написот во левиот агол од сликата е напишан од самиот Мунк

…тврди Националниот музеј на Норвешка. Нивните експерти притоа објасниле дека при истрагата го испитувале и ракописот на сликарот, како и времето во кое е создадена сликата.

Личниот бол на Мунк

Кога прв пат била прикажана, сликата предизвикала згрозеност и шокираност, а луѓето се прашувале за менталното здравје на авторот. Сега се верува дека веројатно, токму тоа го има натерано Мунк, отпосле, да додаде текст на сликата со ваква содржина.

Едвард Мунк (1863 – 1944) е еден од зачетниците на експресионизмот, а сликата таква каква што е направена со текот на времето стана симбол на универзалниот бол. За него се вели дека целиот живот чувствувал болка и мачнотија поради загубата на мајката и на сестрата.

Националниот музеј соопшти дека сликата „Врисок“ ќе биде изложена во текот на цела една година.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Култура

Горе