Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

„Господ и го прати вирусот на Словенија“

Anton_Medvedev/BigStock.com

„Господ и го прати вирусот на Словенија“

Господ го има создадено вирусот (корона) што ќе ја спаси понапредната бела раса од уништување, вирус од кој заболуваат само определени луѓе, раси и поединци со определени особини. Значи, станува збор за елиминација, иста онаква каква луѓето ја преземаат за да се ослободат од одделни штетници, од мувлата… – вака меѓу другото пишува словенечкиот неделник кој себе си се нарекува „Демокрација“.

Станува збор за списание, како и за портал со истото име, чиј основач е десничарската и националистичка партија СДС (Словенска демократска странка) на актуелниот премиер Јанез Јанша.

„Чистење од мигрантите“!

И двата медиуми, инаку, многу често се изложени на критики и обвинувања, затоа што многу често го промовираат говорот на омразата, насочен кон политичките противници и неистомисленици во Словенија, против новинарите и либерално и лево определените интелектуалци, но и против мигрантите, воопшто. Токму и на нив е насочен овој текст во „Демокрација“ кога зборува за категоријата (луѓе) која вирусот, испратен од Господ, можеби, ќе ги елиминира.

За двата љубљански медиуми се знае дека освен што се врзани за партијата СДС, тие се и создадени со странски пари – со унгарски капитал на луѓе од бизнисот во Унгарија од политичкото и бизнис опкружување на тамошната владејачка партија Фидес и на нејзиниот лидер Виктор Орбан, веќе десет години премиер.

Токму Орбан, прв во ЕУ/Европа ја има покренато, безмалку, расистичката кампања против бегалците и мигрантите во време на големата бегалска криза и нивниот наплив во 2015 година на европскиот континент. Орбан (и луѓето од неговиот Фидес) тогаш тврдеа дека не сакаат мигранти/бегалци кај себе затоа што токму тие и Унгарија ја „бранат Европа од напливот на нехристијани“, како и дека нема да дозволат да се поремети „чистотијата на унгарската нација“.

Промоција на ултра-десничарењето

Изминатата недела, угледниот германски весник „Зидојче Цајтунг“ ги спомена и неделникот од Љубљана и порталот, дека се промотори на ултра – десничарската, антилиберална идеологија – во основа – насочена против самата ЕУ, како и дека се создадени со унгарски пари за да го промовираат десничарењето на унгарската партија Фидес, како на Орбан кој има претензии да стане некаков лидер во поширокиот регион.

Во тие рамки, овој германски весник, ги спомена и медиумите – ТВ станиците и порталите – на македонската вмровска, националистичка и крајно – десничарски определена партија кои имаат само една цел – да го попречуваат патот на Македонија кон ЕУ по кој е тргната проевропската и прозападна влада на актуелниот македонски премиер.

Текстот во словенечката „Демокрација“ предизвика во Љубљана бурна реакција и бранување во словенечката јавност. Овие два медиуми на партијата на Јанша беа обвинети за расизам, праќање пораки кои се спротивни на уставот на Словенија, па затоа имаше повици да интервенира и словенечкото обвинителство.

Тужба против СДС

Словечеки филозоф и професор од Универзитетот во Марибор, поднесе кривична пријава против авторот на текстот и против главниот уредник, за кривични дела какви се – јавно потикнување, или рирување омраза, насилство и нетолеранција.

Опозицијата во Словенија која војува со десничарењето на Јанез Јанша и неговото копирање на унгарскиот модел во домашната, но и во европската политика, повика на соборување на владината коалиција, повикувајќи ги неговите партнери во Парламентот да се повлечат од владата и да го соборат СДС .

Партијата на актуелниот премиер опозицијата ја оквалификува нејзината идеологија и политика како фашисоидна, ариевска и расистичка.

(Љ.С.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе