Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Даунинг стрит 10 против „Круната“

Даунинг стрит 10 против „Круната“

Британскиот министер за култура Оливер Доуден изјави дека популарната телевизиска серија “Круната“ во иднина, ќе мора да има ознака дека станува збор за “фикција“ – за филмска приказна – а не за вистинска, фактографска и документирана програма.

Во изјава за лондонските медиуми, министерот, зборувајќи во името на владата, рекол дека многу скоро ќе испрати и официјално писмо до компанијата „Нетфликс“ која е продуцент на серијата. Во писмото владата во Лондон ќе бара пред секоја епизода од сега започнатата четврта сезона на „Круната“,  да стои едно вакво објаснување за гледачите.

Серијата со посебна ознака

Серијата се заснова врз животите на членовите на британското кралско семејство во последните седумдесетина години, а тоа е времето на кралицата Елизабета Втора, откако таа во 1952 година го наследи  својот починат татко, кралот Џорџ Шести.

Во четвртата сезона на серијата , која сега се емитува, се „покрива“ времето од доаѓањето на Маргарет Тачер за британски премиер, преку „венчавката на столетието“ – на престолонаследникот Чарлс и принцезата Дијана, до нивниот бучен и бурен развод, како и времето по тоа.

Владата која  не е осамена во своето барање до продуцентите, смета дека тоа веќе станува неопходно и затоа инсистира на ознаката за „фикција“ , бидејќи во телевизиската приказна сега се вклучени луѓе и личности кои се уште се живи.

Некои медиуми, како и личности кои на еден или друг начин биле блиску до кралското семејство, поради тоа и ги знаат вистинските состојби, ја подржуваат владата во барањето – дека „Нетфликс“ ќе мора да направи  оградување, затоа што “не е мал бројот на гледачите, во Британија и низ светот, кои серијата ја гледаат и ја примаат како документарна програма“.

„Гнусно валкање на Чарлс“

Лондонски весници, повикувајќи се на инсајдерски извори, откриваат дека кралската Бакингамска палата, како и целото кралско семејство биле незадоволни од серијата и од тоа како се отсликуваат повеќето од личностите во неа. Се вели дека посебно биле гневни на тоа како авторите на тв серијата го имаат прикажано престолонаследникот Чарлс.

Овие извори тврдат дека семејството било гневно од тоа што 72 годишниот Чарлс, кој треба да ја наследи кралицата на престолот, се “валка низ серијата“. Но,  дека тоа и се прави и на сега покојната принцеза Дијана, мајката на идниот британски крал, принцот Вилијам, постариот син од нејзиниот брак со престолонаследникот.

Незадоволство од серијата изразил и братот на Дијана, ерлот Чарлс Спенсер, за кого не може да се рече дека било кога бил близок до кралското семејство. Меѓутоа , и тој како и  семејството  бара – секоја епизода да биде означена,  дека станува збор за фикција и за филмска приказна, а не за документарен приказ.

„Многу работи во серијата „Круната“ се обична измислица и се целосно неточни“ – има речено Спенсер.

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе