Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Франција: „И јас сум учител“!

Франција: „И јас сум учител“!

Во Париз и низ цела Франција, изминатиот викенд, се одржаа протести против бруталното убиство на учителот по историја Самуел Пети, од еден мошне млад, но веќе радикализиран и обучен да мрази и да убива исламист.

Убиството се случи во едно од малите места, во околината на Париз, кога 17 годишниот Абдула, прво го нападнал со нож Пети, а потоа му ја отсекол главата, непосредно откако на својот час, учителот на учениците им покажувал карикатури на муслиманскиот пророк Мухамед.

Брутално убиство

На повик на соседите кои забележале како вооружениот убиец нервозно се движи меѓу околните куќи веднаш дошла полицијата, како и припадници на анти-терористичките сили.

На местото на нападот тие го откриле телото на брутално убиениот учител, како лежи на патот, а потоа, брзо го откриле и убиецот

Тој почнал со ножот да им се заканува и на полицајците, подготвувајќи се да ги нападне . Во официјалното соопштение се вели дека  припукале во самоодбрана и притоа  го повредиле терористот. Бил префрлен во болница, но таму набргу починал починал од повредите.

Француската јавност со вознемиреност и во шок пречека уште еден терористички напад на исламските џихадисти кои, овој пат, испратија неполнолетно момче да изврши напад и да убие невин човек – отсекувајќи му ја главата.

На плоштадот на Републиката, во францускиот главен град, но и во другите места каде луѓето излегоа на протест, оддавајќи му во исто време и почит на убиениот 47 годишен учител, имаше многу гнев поради насилството по улиците, што наводно, се извршува во името на религијата, како и против исламскиот радикализам.

Најголемиот дел од демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше – „И јас сум учител“!

Солидарност со Самуел Пети

Ваквата спонтана реакција, потсетува на протестите и манифестациите на единство и на почитување на слободата на изразувањето, што се раширија низ Франција, по џихадистичкиот напад и извршениот маскар во редакцијата на сатирично-хумористичниот неделник „Шарл Ебдо“. Овој весник на своите страници многу често објавува сатирични текстови и карикатури на Исус Христос, на папата, прави шеги за црквата, а пред нападот што беше извршен во јануари 2015 година, објави карикатура и за пророкот Мухамед.

Џихадистите во тогашниот напад убија дури 12 лица, меѓу кои и осуммина членови на редакцијата на весникот- уредници и водечките карикатуристи, наводно, за „недозволеното исмевање и навредување на пророкот“.

Веднаш потоа, тргнаа во јавноста поворките со револт на француските граѓани, но и на луѓето во низа европски градови, на кои беше истакнувана пораката со солидарност со жртвите- „И, јас сум Шарл Ебдо“.

Веднаш по сегашниот напад, што француската полиција го означи како акт на тероризам, беа уапсени 11 лица, но властите не даваат други детали за истрагата.

Меѓу уапсените се четворица блиски роднини на терористот, како и шестмина други, уапсени еден ден по убиството.

Меѓу нив е таткото на еден ученик на училиштето, каде предаваше Самуел Пети, за кого се верува дека известувал за тоа што учителот им покажува на учениците, како и еден исламски проповедник, за кого се тврди дека бил радикален исламист.

Терористот е Чеченец

Младиот џихадист-убиец, инаку бил роден во Москва и потекнува од чеченско семејство, на бегалци доселени во Франција.

Овој последен напад само покажува дека радикалните исламистички ќелии, на француска почва, и натаму дејствуваат, подготвувајќи нови, млади терористи. Тие посебно се активни во реонот на Париз.

Убиството на учителот Пети доаѓа само три недели откако еден 25 годишен Пакистанец, вооружен со месарски сатар. втрчал во просториите на редакцијата на весникот „Шарл Ебдо“ и притоа има тешко рането две лица.

Редакцијата на весникот на 1 септември одново ја објави карикатурата пророкот Мухамед, означувајќи го почетокот на судењето за терористичкиот напад врз весникот од пред 5,5 години.

(П.Ф.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе