Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Нуркачи го чистат морето околу Санторини

Нуркачи го чистат морето околу Санторини

Нуркачи-доброволци тргнаа во акција за чистење на морето околу грчкиот остров Санторини, на крајниот југ од Егејското море.

Со оваа операција која била покрената  за да се одбележи Светскиот ден за заштита на човековата околина, нуркачите треба да го исчистат морето од рибарски мрежи, гуми , најразлични конзерви и многу пластички кеси, за кои се знае дека со години на ред се фрлани и веќе се забележуваат и на морската површина.

Стотици илјади пластични кеси

Акцијата која не е прва и не се одвива за прв пат ја има покренато една невладина организација од Грција, која подолго време предупредува на опасноста од напуштените и оставени во морето рибарски мрежи. Станува збор за пракса на рибарите и нините бротчиња, мрежите што од било која причина станале неупотребливи за рибарење, да се оставаат во морињата.

Според организацијата „Aegean Rebreath” , Егејското море не е исклучок од оваа неодговорна кон природата навика, која има оставено последици и врз морето и врз неговиот брегови кои се претрпани со разни отпадоци.

Во 80 досегашни операции на чистење, нуркачите  од оваа организација имаат собрано над 28 тони фрлени , или оставени рибарски мрежи и стотици илјади пластички кеси, кои се меѓу најбројните отпадоци во морето или на бреговите.

Грција веќе пет години има воведено данок од девет центи за секоја пластична кеса , но продавниците продолжуваат да ги даваат.

Пластика за еднократна употреба

Островот Санторини важи за една од најатрактивните туристички дестинации во Грција.

Проблемот, меѓутоа,  не е само грчки, затоа што се среќава и на целиот југ од Европа- Италија, Франција и Шпанија- и се однеува на пластиката воопшто која од педесетите години на 20 век го има преплавено светот.

Пазарот е преполн со пластични производи за еднократна употреба, што се смета дека е една од главните причини за загадениста на морињата, езерата и реките.

Само во океаните , секоја година завршуваат 14 милиони тони пластичен отпад, што е еднакво на 580 илјади камиони. Над 85 отсто од  таквиот отпад и од тоа загадување потекнува од копното. Пластиката учествува и со над 80 отсто во отпадот на копното.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе