Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

„Китот Хвладимир шпионира за Русија“

„Китот Хвладимир шпионира за Русија“

Белуга китот кој носи колан околу телото се појави во морските води блиску до брегот на Шведска и одново предизвика големо внимание и доби публицитет, како и пред четири годуни. Во 2019 година тој беше прв пат забележан во територијалните води на Норвешка кога беше осомничен дека е – руски шпион.

Од тогаш китот три години  има престојувано во горната половина од норвешкиот брег, се до пред неколку месеци кога било регистрирано како го менува правецот на движењето  и влегива во водите на Шведска.

Според медиумите во Стокхолм кои се повикуваат на официјални податоци, пред два дена тој бил забележан во реонот на Хунебостранд, во југозападна Шведска.

Опремен за шпионирање

Кога прв пат било регистрирано присуството на овој белуга кит, покрај норвешкиот брег, тамошните биолози- експерти на норвешкиот центар за рибарство, успеале да го тргнат од него големиот колан на кој имало носач погоден за поставување GoPro камера, како и натпис на англиски јазик- „Опрема Санкт Петерсбург“ .

Тоа ги има натерано да поверуваат дека китот се користи за подводни, шпионски активности,

Експертите од Норвешка го нарекле китот Хвладимир , верувајќи дека  побегнал од некаков ограден простор каде, како што се претпоставува, руската воена морнарица го тренирала за некаква воена  или шпионска операција. Ваквиот заклучок бил донесен затоа што китот бил навикнат на присуството на луѓе во неговата близина.

Далеку од природното опкружување

Тоа ја има развиено теоријата дека (најверојатно) големото морско животно е обучувано да плови низ водите во Балтикот и покрај брегот на Норвешка- за да шпионира за Русија. Но Москва никогаш до сега нема одговорено на ваквите норвешки претпоставки, иако тие беа и јавно изнесени.

Морски биолози од организацијата „OneWhale” имаат изјавено дека не може да објаснат, зашто китот го забврзал своето пловење и се одлачувал од своето природно окружување, во водите покрај Нирвешка. Тие претппставуваат дека може да се почувствувал осамен, затоа што е познато дека белуга китовите се социјални суштества, па тргнал да бара други белуга китови.

Овој за кој станува збор се смета дека е стар околу 14 години, а тоа е време кога нивото на неговите хормони е мошне високо. Најблиската популација на овие китови се наоѓа кај архипелагот Свалбард – на пола пат од северниот брег на Норвешка и Северниот пол.

Кит во стратешка зона

Но Баренцовото море, јужно од овој архипелаг, е стратешки мошне важна геополитичка област во која има и западни и руски подморници. Ова норе е означено и како свеовидена порта за северниот морски пат кој го скратува  морското патување меѓу Атланскиот и Тихиот океан.

Белуга китовите може да достигнат дожина и до шест метри и да живеат меѓу 40 и 60 години, населувајќи ги студените  води околу Гренланд, северна Норвешка и Русија.

Името Хвладимир е комбинација од норвешкиот збор „хвал“ што значи кит и од честото руско име Владимир, што го носи и рускиот претседател.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе