Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Грција- Победа за нови избори

Грција- Победа за нови избори

Во Грција се одржаа парламентарни избори на кои има победник- партијата Нова Демократија- која и во изминатите четири години беше на власт.  Опозициската  Сириза го призна поразот, но во Атина нема влада.

Наместо партијата која освои најмногу гласови и нејзиниот лидер Киријакос  Мицотакис,  да започнат консултации за состав на нова влада, претседателката на држава, мораше , според Уставот да интервенира  и по направените консултации со сите главни партии ,  назначи  привремен премиер и техничка влада.

Втори избори по нови правила

Како и да е, во земјата нема политичка криза, но гласачите во Грција за еден месец ќе треба одново да гласаат- не во втор изборен  круг, туку на нови избри.

Тоа го побара победничката партија, а поразение тоа го прифатија. Победниците за да ја зголемат својата  победа,  додека поразените,  гледајќи во повторното гласање можност  за подобар резултат од оној на првото гласање.

Ваквата ( на изглед) необична ситуација е само последица на постизборната математика на сите политички актери .  Партијата Нова Демократија освои (неочекувано) висока и уверлива победа, добивајќи двојно повеќе гласови од опозициската Сириза на Алексис Ципрас.

Сепак, таа беше  недоволна за самостојно создавање влада. Требаше, затоа,  да се коалицира со некого од опозицијата, што лидерот на победничкта партија не го сака.

Претседателката на Грција, според атинските медиуми, се обиде да издејствува  создавање коалиција меѓу двете првопласирани партии, за да нема мови избори, но не успеа во тоа. Мицотакис верува дека во повтореното гласање ќе ја зголеми својата победа.

Никој не сака коалиција

Особено што на крајот од јуни ќе се гласа според нов изборен модел- онаа партија која ќе освои најмногу гласови  добива бонус од 50 гласови, што според стратезите на Нова Демократија е шанса за лесна победа и  самостојно формирање нова влада.

Формално, на консултации во претседателската палата бил повикан и Ципрас- да се обиде тој да создаде влада-  што матеметички е тешко остварливо, а политички сосема невозможно. Тоа по разговорите со претседателката го призна и лидерот на Сириза кој има речено дека дошол на средбата, почитувајќи ја уставната обврска што ја има како лидер на партија, но само за да го извести шефот на државата дека  земјата ќе мора да  оди на нови. Втори по ред, за нешто повеќе од еден месец.

Ципрас и Мицотакис се идеолошки неспоива комбинација ( едниот е левичар, а другиот конзервативен десно-центристички определен политичар) за да дејствуваат заеднички во владин кабинет.

Уште повеќе што сегашната ситуација во Грција не налага едно такво, вонредно решение, како што тоа беше  во времето кога земјата (технички) беше банкротирана, неможејќи самата да ги сервисира своите финансиски обврски – дома и кон странство.

Ривалитет на Сириза и ПАСОК

Зад Нова демократија како партија со најмногу гласови,  на (сега веќе) неодамнешните избори, останаа три левичарски партии- Сириза, потоа ревитализираниот и некош владеачкиот ПАСОК со нов лидер и ново водство и грчката комунистичка партија (ККЕ).

Трите заедно може да го настигнат победникот, но и тие остануваат без потребните над 50 отсто од гласовите. Згора на тоа, распален е силен ривалитет меѓу Сириза и ПАСОК кои меѓусебно се обвинуваат дека едни на други си ги одземаат гласовите, додека ККЕ и онака со никого не коалицира и не влегува во власта. Оваа крајно левичарска партија – уште од времето на грчката граѓанска војна (1946-1949 година)-  им служи само на Москва и на руската политика.

Во една ваква политичка атмосфера, која Мицотакис ја прави  триумфалистичка за него, Ципрас , политичарот кој ја покрена финалната фаза на операцијата за спасување на Грција, се соочува (уште еднаш ) да биде поразен од Нова Демократија , која е на пат да освои уште еден четири годишен мандат.

Погрешна стратегија ?

Неговата и на ПАСОК стратегија за изборите беше да се напаѓа владата за најголемата несреќа во историјата на грчката железница, од февруари годинава и за прикривањето и забошотувањето на аферата со прислушувањето, направено од страна на грчката тајна служба. Жртви на аферата со прислушувањето се бројни  новинари, левичари, ним блиски интелктуалци, адвокати и опозициски политичари, меѓу кои и новиот лидер на ПАСОК.

Се покажа , меѓутоа, дека гласачите , и покрај силниот  гнев на јавноста , сепак, се задоволија со стабилизацијата на домашната економија, а посебно на грчките финансии.

Рејтингот на земјата е прилично поправен, таа може сама и на време да ги отплаќа своите долгови, нема рестрикции за населението, нема странска финански контрола на финансискито работење, иако Атина и натаму се надгледува како се однесува, а Грција е земја во еврозоната со најголем раст во оваа година.

Стабилизацијата пред скандалите

Тоа е и основата за верувањето на Мицотакис дека без да мора да коалицира со некого, на новите избори, ќе ја зацврсти и онака уверливата победа и ќе може сам, да формира влада од луѓето со кои и досега соработуваше.

Според него, грчките гласачи сега сакаат само натамошно  зацврснување на стабилизацијта  на земјата и на нејзината економија и враќање на Грција на времето, пред мачните десет години тешка криза, кога ЕУ и странските кредитори ја прогласуваа за „болниот од еврозоната“.

Обновата на туризмот кој учествува со 35 отсто во грчкиот БНП, како и силната финансиска инјекција од 30 милијарди евра, од фондот на ЕУ за санација по корона пандемијата, се оној силен фактор за тоа дека гласачите на вторите избори ќе ја засилат победата на Нова Демократија.

(А.Г,)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе