Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Проевропска Грузија против домашните русофили

Проевропска Грузија против домашните русофили

Со грузиски државни знамиња и со транспаренти на кои се порачува – „Не сте дободојдени“- голем број демонстранти , насобрани на аеродромот во Тбилиси, ги пречекаа патниците од првиот директен лет од Москва до главниот град на Грузија.

Авионот на руската компанија „Азимут“ е првиот што слета после четири години и тоа само неколку денови по одлуката на грузиските власти да и даде дозвола на руската компанија да го одржува воздушниот сообраќај меѓу двата главни града.

Данајски подарок од Москва

Лидерот на проруската владеачка партија Иракли Кабакидѕе ја брани одлуката, инсистиракќи дека таа е во служба на народот. Според него луѓетп  имаат да заштедат пари што досега ги давале патувајќи околу  , со префрлање преку други аеродроми , за да стигнат до Москва.

Владата во Тбилиси тврди дека станува збор за добра одлука, бидејќи во „Русија живее милионска етничка грузиска заедница“. Руската страна , меѓутоа, зборува само за 114 илјади Грузијци.

Грузиската опозиција и голем дел од тамошната јавност е остро против. Тие тврдат дека  одлуката на Русија ( за обнова на директните летови меѓу Москва и Тбилиси) претставува саботажа на Кремљ, насочено против интересите на големото мнозинство Грузинци кои скатаа нивната земја да стане дел од ЕУ.

Тие веруваат дека Грузија ќе добие кандидатски статус за прием во Унијата, до крајот на оваа година.

Првите патници на авионот што слета на аеродромот во Тбилиси, инаку,  беа, главно, претставници на разни, проруски, домашни НВО , како и бизнисмени кои се залагаат за врски со Русија, а не со Европа.

Русија контролира 20 отсто од територијата

Ваквиот развој на настните и продлабочување на поделбата во земјата- на русофили и на проевропејци- во секој случај- претставува подметнување од Москва , откако Владимир Путин ,  неочекувано донесе декрет со кој се укинуваат визи за граѓаните на Грузија  и еднистрано се укинува забраната за директни летови со Тбилиси. Одлука што Путин ја има донесено во 2019 година, како руска одмазда за масовните анти-руски демонстрации во главниот грузиски град.

И покрај путиновото решение , среде војната што ја води против Украина, да ја укине 20 години старата руска одлука за патни рестрикции за Грузијците при влегувањето во Русија, барајќи им визи, двете соседни земји немаат дипломатски односи.

Во 2008 година Русија изврши инвазија врз Грузија окупирајќи ја грузиската област Јужна Осетија, која веднаш потоа прогласи самостојност. Од 1991 година, после краткотраен воен судир се отцепи и Абхазија, имајќи ја притоа воената и политичката подршка од Москва, која во меѓувреме ја има признаено „независноста“ на оваа грузиска област на Црно Море.

Над 20 отсто од територијата на Грузија сега е под  контрола  Русија.

„Нова руска провокација“

Затоа, грузиската претседателка Саломе Зурабишвили , која е силно проевропски определена ја осуди одлуката на Москва, оквалификувајќи ја како „уште една руска провокација“.

Западни и европски политички експерти веруваат дека потегот на Путин не е случаен и дека  намерно е направен сега во екот на агресијата врз Украина. Аналитичари во Тбилиси, оак, сметаат  дека зад тоа се крие „цената што Москва ќе ја испостави за својата неочекувана добрина“, тргнувајќи од тоа дека Русија никому и ништо на дава , без да го наплати тоа.

Во Брисел се сомневаат дека по последните владини потези , постои и натаму определеноста на владата во Тбилиси за приклучување кон ЕУ. Особено што во Грузија, пак, се верува дека путимовиот декрет е „награда на проруската владејачка партија“ – за добрите односи што таа ги одржува во изминатитре 15 месеци по инвазијата и војната во Украина.

Грузија нема воведено санкции кон Москва и дозволи над 100 илјади Руси да се населат во Тбилиси , бегајќи од мобилизацијата за војната. Грузинците и најголем дел од јавноста не ги сака на својата територија, пречекувајќи ги со патроли по патиштата- „Не ве сакаме во Грузија“, или „Врататете се во Русија“-  и обвинувајќи ги дека се окупатори на Грузија.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе