Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Крунисувањето на Чарлс без Бајден

Крунисувањето на Чарлс без Бајден

Од времето на Винстон Черчил и историската Атланска повелба, Британија и САД имаат изградено  „специјални врски“ , чиј темел е поставен во текот на Втората светска војна, но ниту еден американски претседател нема присуствувано на крунисувањето на еден британски монарх.

Така ќе биде и овој пат- на крунисувањето на новиот британски крал Чарлс Трети, закажано за 6 мај, ќе присуствуваат голем број шефови на држави и влади од светот, но на оваа церемонија што ќе се одвива во духот на вековната традиција,  нема да биде присутен американскиот претседател Џо Бајден.

„Првата дама“ наместо претседателот

Новиот крал ќе положи заклетва во катедралната Вестминстерска опатија во Лондон, но наместо Бајден, на крунисувањеѕо на Чарлс – во името на САД- ќе биде присутна првата дама Џил Бајден и дипломатскиот кор. Според Би-Би-Си, американскиот претседател бил поканет на крунисувањето , но Бајден , во телефонскиот разговор што го имал со Чарлс рекол дека на церемонијата ќе присуствува неговата сопруга.

Во соопштението на Белата куќа немаше никакво објаснување зашто претседателот на САД нема да биде присутен на крунисувањето на новиот британски крал, освен дека Бајден изразил желба да се сретне со Чарлс , во Британија.

Британските медиуми веднаш го покренаа прашањето- зашто на свечарското собирање во Лондон, на кое ќе се најдат и крунисани глави од Европа и светот и голем број претседатели и премиери, заедно со илјадници британски поданици- нема да присуствува претседателот на најмоќната држава во светот.

Особено што станува збор за настан кој се случува еднаш во живототот, како што тоа го објаснуваат лондонските таблоиди и прво крунисување во Британија после 70 години.

Разочарување на конзервативците

Прашањето најчесто е – дали нешто се случува во британско-американските односи,  посебно по посетата на Бајден на Република Ирска, пред две недели, или пак во прашање е  „немарност“ на американската дипломатија и на администрацијата во Вашингтон.

Посебно приговараат британските конзервативци кои сметаат дека станува збор за „грешка“ на Американците и „превид“ , бидејќи во Лондон се знае дека британското кралско семејство е популарно во САД.

Про- лабуристичкиот весник „Дејли Мирор“, пак, оценува дека Бајден не доаѓа на крунисувањето ,затоа  што неговата неодамнешна посета на Ирска „откри колку многу американскиот претседател е горд на своите ирски корени“ – преку семејството на неговата мајка.

Помалку запалените монархисти, меѓутоа, имаат поинакво толкување. Угледни британски историчари и аналитичари кои ги следат односите меѓу САД и Обединетото кралство, инсистираат дека во сето ова не треба да се  бара политика , а  уште помалку  криза во односите меѓу Вашингтон и Лондон.

Традиција, а не политика

Се смета  дека станува збор само за – со векови долгата и стара традиција. Според неа, претседателите на САД- едноставно- не присуствуваат на крунисувањето на британските монарси.

Би-Би-Си ја пренесува изјавата на историчарката Лора Бирс која категорично отфрла дека во недоаѓањето на Бајден има анти-британство. „Бајден не доаѓа само затоа што ниту еден претседател пред него не присуствувал на крунисување во Лондон, па зашто тоа би се случило сега, во 21 век“- има речено оваа историчарка.

Таа потсетува дека американско-британските односи пред кралицата Викторија, која владеше од 1819 до 1901 година, се во време на британскиот колонијализам на Америка и војната за независност, кога Британците го имаат запалено и Вашингтон. Но, стапувањето на Викторија на престолот, имаат предизвикано создавање нова  ера на фасцинираност на Американците со британската монархија.

Сепак, и американскиот претседател Мартин ван Бурен, не присуствувал на крунисувањето . Било неприлично американски претседател да дојде во Европа на крунисување на британски монарх.

Отсуство и на Ајзенхауер

Така, според историчарката Бирс е создадена своевидна  традиција која продолжува да се одржува. Уште повеќе што патувањето преку океанот долго време не било практично- се до воспоставувањето на транс-атланскиот воздушен сообраќај во 1939 година. А, тоа е три години пред крунисувањето на британскиот крал Џорџ Шести, таткото на кралицата Елизабета.

Историчарите оценуваат дека Втората светска војна е пресвртен момент во британско-американските односи . Во годините на војната, британскиот крал Џорџ и престолонаследничката Елизабета имаат изградено извонредно блиски односи со генералот Двајт Ајзенхауер, како командант на сојузничките сили, подготвувајќи се за искрцувањето во Нормандија.

Неколку месеци по смрта на британскиот крал, Ајзенхауер во 1952 година станува претседател на САД, а во јуни 1953 година, Елизабете е крунисана во Лондон за кралица. Но, и покрај познанството и блискоста, американскиот претседател не дошол во Лондон на крунисувањето.

Ајзенхауер се има определено за почитување на традицијата, а Елизабета во време на нејзините седум децении на тронот, има пречекано и испратено  14 претседатели на САД.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе