Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Сама во пештера 500 денови

Сама во пештера 500 денови

Шпанката Беатриз Фламини  излезе од пештерата во близината на градот Гранада, во Шпанија, во која наполно сама помина 500 денови.

Кога оваа спортистка, љубител на екстремните спортови, Русија се уште ја немаше нападнато Украина , а светот се уште беше заглавен со ковид-пандемијата . Нејзиниот самотнички престој во пештерата , длабоко под површината на Земјата , била под постојано надгледувана од група научници.

„Зборував сама со себе“

„Се уште се чувствувам како да сум во 21 ноември 2021 година, кога влегов во пештерата. Не знам ништо што се случувало во светот во оваа една година и половина„- им има изјавено Фламини на новинарите откако со помош на екипата што го има надгледувано во подземниот свет, излезе на светлоста на денот.

Таа се шегувала дека кога влегла во пештерата имала 48, а сега е на 50 години, објаснувајќи притоа  дека 500 денови била во пештерата на 70 метри длабочина. Времето го минувала вежбајќи за одржување на кондицијата, цртајќи  и плетејќи волнени капи. Со себе, при влегувањето во пештерата, има понесено 60 книги за читање и илјада литри вода.

Нејзиниот престој го надгледувале група спелолози, но и психолози, но никој од нив нема направено контакт со Беатриз додека таа била во пештерата, под земја.

„Молчев целото време и живеев во тишина, не зборувајќи со никого освен самата со себе“- има речено таа признавајќи дека веќе го има загубено чувството за време. Тоа се случило кога престанала да ги брои деновите , па при излегувањето таа верувала дека поминала таму не повеќе од 170 денови.

Рекорд на рударите од Чиле

Научниците сега го испитуваат нејзиното време поминато во изолација , за да утврдат какво влијанието општата изолација има врз дезориентацијата.

Луѓето околу неа тврдат дека нејзините 500 демови во пештерата претставуваат светски рекорд во проведено време во осама и изолација, доброволно и во пештера.

Но, засега рекордот и натаму им се припишува на групата чилеански и боливиски рудари кои 69 денови, во 2010 година поминаа на длабочина од 688 метри под земја, затрупани во еден рудник за бакар во Чиле, пред да бидат извлечени и спасени.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе