Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Почина Мери Квант- кралицата на мини-модата

Почина Мери Квант- кралицата на мини-модата

Познатата британска модна дизајнерка Мери Квант, позната како кралицата на мини-модата, што таа ја лансираше во шеесетите години на 20 век, почина во својот дом во Сари, во околината на Лондон. Имаше 93 години.

Уште  одамна, додека беше активна во дизајнирањето, таа беше означена како модна икона на една генерација и за легенда во професијата која стана огромен бизнис, затоа што Квант има покренатио вистинска револуција во модата и во облекувањето на жените. Но, преку мини-здолништето таа ги има дефинирано и британските свингерски, шеесети години од минатиот век.

Мода на новото време

Моделот-маненекенка Твиги стана симбол на новата мода и на новото време , преку која Мери Квант изврши своевидна револуција и во британското општество , во ослободувањето на младите жени и на силно потиснување на традиционалниот британски конзервативизам.

Лондонските и американските модни списанија , како и медиумите воопшто, оценуваат дека без појавувањето на Мери Квант, нејзините мини-здолништа и подоцна „жешки пантолончиња“ , шеесетите години, можеби, немаше да бидат тоа што станаа за Британија и за Европа, а потоа и за Америка и светот.

Вклучувајќи ја во тоа и поп и рок музиката која од темел ги има протресено дотогашната популарната култура и вкупните општествени движења.

Сето тоа, помогна Мери Квант да стане една од најпознатите модни креаторки на 20 век, над се, како еден од најголемите иноватори во светот на модата.

Челси- моден центар

Родена лондончанка, во главно сиромашниот и работнички југо-исток на британскиот главен град, таа уште во 1955 година, го има отворено својот прв бутик, познатиот „Базар“- на југо-западот од Лондон, во далеку поотмениот кварт Челси, во неговата главна улица Кингс Роуд.

Веднаш има предизвикано сензација, влијаејќи врз стилот на облекувањето  на жените, пред се, уверувајќи ги притоа  дека нема ништо срамно и неморално да се појават на улица, на забава , или во некој ноќен клуб во мини здолниште.

Конечно, сместувајќи се во Челси, таа од овој мирен лондонски кварт, направи центар на модата и тоа на онаа за која се заинтересираа најголемите ѕвезди на тоа време- како француската актерка Брижит Бардо, на пример, или Американката Одри Хепберн, но и машките англиски рокерски ѕвезди од водечките групи Битлс и Ролинг Стоунс.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе