Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Нетанијаху обвинет за авторитарно владеење

Нетанијаху обвинет за авторитарно владеење

Бенјамин Нетанијаху продолжува да го бранува Израел,предизвикувајќи немири и протести низ земјата, со својата контроверзна реформа на правосудниот систем, за што го обвинуваат дека создава авторитарна власт, уривајќи ја израелската демократија.

Во екот на неколку месечните протести на демократската јавност и на опозицијата, тој арогатно го протурка едниот од реформските закони во Кнесетот (Парламентот), а во неделата го казни министерот за одбрана Јоав Галант , затоа што јавно ја критикуваше реформата, сменувајќи го од функцијата.

Министерот кој е член на владеачката партија Ликуд, на Нетанијаху,  бил остро критикуван за нелојаност, по што премиерот побарал од него да замине од владата, бидејќи повеќе немал доверба во него.

Тел Авив на улица

Сменувањето на Галант дојде помалку од 24 часови по неговото барање за барем привремено одлагање на реформата, за да се остави простор за смирување на гневот на јавноста, Притоа рекол  дека овој пат и припадниците на израелските воени сили се гневни и загрижени поради ситуацијата за која сметаат дека може да излезе од контрола и да ја загрози безбедноста на земјата.

По изнудената оставка , Галант на Твитер има напишано дека „безбедноста на Израел секогаш била и ќе биде најважната работа“ за еден министер, објаснувајќи ја на тој начин причината поради која реагирал и му се спротивставил на премиерот.Медиумите открија дека минатата недела дури 40 воени пилоти на елитната единица на армијата, одбиле да летаат во знал на протест поради правната реформа.

Неговото сменување уште повеќе ја разгневи јавноста која се спротвставува на реформата која е недемократска и опасна за иднината на демократијата во земјата. Илјадници луѓе во неделата вечерта излегле на улиците на Тел Авив, блокирајќи некои од главните булевари. Протестот подоцна се претвори во генерален штрајк што го покренаа синдикатите, предизвикувајќи затворање и на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив.

Загрозена безбедноста на државата

Нетанијаху или „Биби“ како што нагалено го нарекуваат неговите симпатизери и подржувачи, е обвинуван за задушувањето на демократијата и пред се, за задушување на независноста на судството и за неговата партизација.

Дел од израелската јавност ги означува континуираните протести како “израелска пролет“ , а демонстрантите бараат од него да оди во затвор, поради обвинувањето за примање поткуп, за што е отворен  судски процес уште додека беше во опозиција.

Се верува дека најновиот гнев во јавноста е последица на сознанието дека оставката за „ нелојалниот министер“ ја барала ултрадесничарската партија која за прв пат е коалициски партнер на Ликуд. Лидерот на крајната десница Бен Гвир  инсистира дека реформата мора да продолжи, порачувајќи им на демонстрантите дека Израел нема да се предаде пред- како што рекол- анархијата.

Владата ќе избира судии

Без подршката на крајната десница, меѓутоа, Нетанијаху не можеше да формира влада, а тој уште еднаш да се смести себе си во ремиерската фотелја ова враќање на функцијата тој (вкупно) досега е  15 години на челото на некоја од израелските влади, поради што „Биби“ се обвинува и за тоа дека од Израел има направено- заробена држава.

Сменетиот министер има добиено подршка и од некои функционери на Ликуд, но е остро критикуван од партиската десница која е доминантна во оваа партија.

Екс министерот за одбрана Бени Ганц ја поздрави одлуката на Галант да и се спротивстави на ваквата реформа, инсистирајќи дека сменетиот функционер ја ставил на прво место лојалноста кон државата, наместо кон партијата и нејзиниот лидер Нетанијаху.

Критичарите на судската реформа обвинуваат дека станува збор за една крајно радикална реформа , каква досега немало во Израел. За неа се вели дека е недемократска и ја задушува независноста на судовите и на судството, меѓудругото и затоа што Парламентот, во иднина, ќе може да смени одлука на Врховниот суд, а владата да ги избира судиите.

Спасување на „Биби“

Премиерот, пак, и неговите министри ги бранат промените , означувајќи ги како позитивен чекор кон „ограничување на злоупотребата  на моќта на судиите и на судовите“.

Поголемиот дел од јавноста, меѓутоа,  не мисли така и затоа демонстрациите се најголеми досега. Голем дел од луѓето на улиците верува дека реформите се смислени само за да се спречи продолжување на обвинувањата за тоа дека Нетанијаху уште во претходниот негов мандат има земано поткуп од богат бизнисмен и дека е корумпиран.

Се смета дека само со запирање  на процесот против него кој е од поодамна покренат, што реформата на правосудството ја овозможува , тој би можел и натаму да остане на премиерската функција.

(Т.А.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе